Еребру (швед. Örebro län) е округ (län) во средна Шведска. Се граничи со окрузите Вестра Јеталанд, Вермланд, Даларна, Вестманланд, Седерманланд и Естерјетланд.

Еребру
Örebro län
Округ
Грб на ЕребруЛого на Еребру
 
ЗемјаШведска
Админ. центарЕребру
Управа
 • УправникРоз-Мари Фребран
 • СоветОкружен совет на Еребру
Површина
 • Вкупна8.519 км2 (3,289 ми2)
Население (31 март 2011)[1]
 • Вкупно280.305
 • Густина33/км2 (85/ми2)
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
БДП (ном.)61.203 милиони круни (2004)
БДП/жит224.000 круни
NUTSSE124

Покраина уреди

Окрузите во шведска се управни единици, додека пак покраините се подрачја од културно-историско значење. Округот Еребру го опфаќа Нерке, западната половина од Вестманланд, мали делови од источен Вермланд и северозападен Вестерјетланд.

Управа уреди

Сè до 1779 округот го носел името „Нерке и Вермланд“, по што Вермланд се отцепил како посебен округ.

Главна цел на окружниот административен одбор е спроведување на целите утврдени во парламентот и владата, усогласување на локалните и државните интереси, унапредување на развојот во округот, воспоставување на регионални цели, запазување на јавниот ред и раководење со правните постапки. Окружниот административен одбор е владина служба на чие чело стои управник.

Окружниот совет на Еребру (Örebro läns landsting) е задолжен за здравството и јавниот превоз.

Општини уреди

 

Наводи уреди

  1. „Квартал 1 2011“. Централна статистичка служба. (шведски)

Надворешни врски уреди

59°16′00″N 15°13′00″E / 59.266667° СГШ; 15.216667° ИГД / 59.266667; 15.216667