Енрико Гаспарото

италијански велосипедист

Енрико Гаспарото (италијански: Enrico Gasparotto; р. 22 март 1982 во Сачиле) — италијански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Тим Кубека Асос.[1]

Енрико Гаспарото
Гаспарото на Тур де Франс 2013.
Лични податоци
Цело имеЕнрико Гаспарото
ПрекарЏало
Роден22 март 1982(1982-03-22)(42 г.)
Сачиле,  Италија
Висина1,74 м
Маса65 кг
Податоци за клубот
Мом. клубТим Кубека Асос
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Професионални клубови
2005–2007
2008
2009
2010–2014
2015-2016
2017-2018
2019-
Ликвигас-Бјанки
Барловорлд
Лампре-НГЦ
Астана
Ванти-Груп Гобер
Бахреин-Мерида
Тим Дименжн Дата
Значајни победи
Големи трки
Џиро д’Италија
1 ТТТ (2007)

Етапни трки

Стер Електротур (2008)

Еднодневни трки и класици

Национален друмски првак (2005)
Амстел Голд Рејс (2012, 2016)

Други

Европска турнеја на UCI (2007–2008)
Последна промена
15 декември 2019

Кариера уреди

Станал професионалец во 2005 година со екипата Ликвигас-Бјанки и останал таму три години.

На Џиро д’Италија 2007, Гаспарото ја предводел екипата Ликвигас на првата етапа кон победа на екипниот хронометар и ја облекол розовата маичка следниот ден.

Гсзпарото ја постигнал неговата прва победа на класик на Амстел Голд Рејс 2012; ја освоил трката на самата завршницата, откако Оскар Фреир бил достигнат на 90 метри пред крајот,[2] и Гаспарото ги поминал возачот на Лото-Белисол Јеле Ванендерт и Петер Саган од Ликвигас-Канондејл.[3] Една недела подоцна, земал дел од Лиеж-Бастон-Лиеж, завршувајќи трет преку спринтање на мала група во трката, каде победил неговиот колега од Астана Казахстан Тим, Максим Иглински.[4] На Вуелта а Еспања, Гаспарото и екипата Астана ги следела лоша среќа уште на првата етапа, екипен хронометар од 16,5 километри. Неговите колеги Паоло Тиралонго, Александар Дјаченко, Андреј Зејц и самиот Гаспарото доживеале пад, кој не бил забележан на телевизиските камери. Неговите колеги можеле да станат и да продолжат, додека Гаспарото, како што било објавено подоцна, ја напуштил трката во Шпанија поради скршеници на три места на неговата клучна коска.[5]

Во ноември 2014 година, Интермарше-Сиркус-Ванти објавиле дека Гаспарото ќе им се приклучи за сезоната 2015.[6]

Гаспарото ја освоил трката Амстел Голд Рејс по вторпат во 2016 година, поразувајќи го Михаел Валгрен во меѓусебниот спринт откако двоецот се одвоил од главната група во завршните километри на трката. Тоа било прва победа за Гаспарото по победата во 2012 година и ја посветил на Антоан Демоатје, негов колега кој починал по падот и судирот на Гент-Вевелгем претходниот месец.[7]

Достигнувања уреди

2005
1.   Национален друмски првак
1. Етапа 2 Волта а Каталуња
2006
1. Меморијал Кимури
3. Копа Сабатини
2007
1. Етапа 1 (ТТТ) Џиро д‘Италија
Ја носел розовата маичка   на етапите 1 & 3
2. Краен пласман Трка околу Данска
2008
1.   Краен пласман Стер Електротур
1. Етапа 3
1. Џиро дела Ромања
3. Краен пласман Три дена Де Пане
1. Етапа 1
3. ГП ди Лугано
2009
1.   Бодовен пласман Тур де Свис
2010
1. Етапа 5 Тирено-Адријатико
3. Астел Голд Рејс
9. Страде Бјанке
2011
4. Тре Вали Варезине
2012
1. Амстел Голд Рејс
3. Лиеж-Бастон-Лиеж
7. Трофео Лагвелја
2013
5. Џиро ди Ломбардија
6. Лиеж-Бастон-Лиеж
7. Гран при Монтреал
9. Астел Голд Рејс
2014
8. Астел Голд Рејс
8. Гран при Квебек
9. Гран при Монтреал
2015
8. Амстел Голд Рејс
9. Копа Уго Агостони
2016
1. Амстел Голд Рејс
2. Брабантсе Пејл
5. Флеш Валон
6. Краен пласман Трка околу Белгија
2018
3. Амстел Голд Рејс
3. Гран Премио ди Лугано
3. Копа Уго Агостони
6. Лиеж-Бастоњ-Лиеж
2019
7. Брабантсе Пејл
9. Краен пласман Арктичка трка на Норвешка
10. Флеш Валон

Распоред на резултатите на големите трки уреди

Голема трка 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019
  Џиро 97 92 60 СО 66 97 76 69
  Тур 95
  Вуелта 82 68 78

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи уреди

  1. „Dimension Data finalise 2019 roster“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 22 ноември 2018. Посетено на 4 јануари 2019.
  2. „Фреир вели дека ветрот ги уништил неговите шанси за освојување на Амстел Голд Рејс“. VeloNation. VeloNation LLC. 15 април 2012. Посетено на 16 април 2012.
  3. „Гаспарото го освоил Амстел“. Cycling News. Future Publishing Limited. 15 април 2012. Архивирано од изворникот на 2015-04-18. Посетено на 16 април 2012.
  4. „Максим Иглински победи на Лиеж-Бастон-Лиеж“. Velo News. VeloNews.com. 22 април 2012. Архивирано од изворникот на 2012-01-10. Посетено на 22 април 2012.
  5. Бен Аткинс (19 август 2012). „Вуелта а Еспања: Скршеница на клучната коска за Енрико Гаспарото по падот во екипниот хронометар“. Velo Nation. Velo Nation LLC. Посетено на 19 август 2012.
  6. „Енрико Гаспарото се враќа во Ванти-Груп Гоберт“. Radio Television Belge Francofone (француски). 21 ноември 2014. Посетено на 26 ноември 2014.
  7. „Enrico Gasparotto dedicates Amstel Gold win to Antoine Demoitié“. theguardian.com. 17 април 2016. Посетено на 19 април 2016.

Надворешни врски уреди