Ендотоксините се токсини кои се создаваат од грамнегативни бактерии и одредени грампозитивни бактерии. За разлика од егзотоксините, ендотоксините се секретираат само кога бактериската клетка се лизира или за време на делбата на клетката.

Структура на липополисахарид

Липополисахариди и други ендотоксини уреди

Прототипни примери на ендотоксини се липополисахаридите (ЛПС) или липо-олиго-сахаридите (ЛОС) од надворешната обвивка на различните грамнегативни бактерии. Тие имаат голема улога во инфективноста на овие бактерии. Поимот ЛПС често се користи како синоним на ендотоксин поради неговото историско откривање.