Ексципиенс — секоја супстанца освен активната супстанца која е вклучена во производниот процес или се содржи во готовата фармацевтска форма на лекот. Тие се користат за да ја подобрат растворливоста на активната супстанца, да го подобрат мирисот, вкусот, за надополнување на маса и др. Ексципиенсите можат да бидат корисни и во процесот на производство на лекови, на пр. да ја подобрат проточноста на прашокот.