Експропријација се однесува на конфискација на приватна сопственост со цел да се воспостави социјална еднаквост. Таа претставува одземање или ограничување на правото на сопственост на земја со надомест, што се врши со посебен акт на државен орган[1] или од страна на народот за време на револуција.[2] Експропријацијата за разлика од присилната национализација која се врши од страна на државите над приватната сопственост на своите граѓани, се однесува на социјално мотивирани конфискации на секаква приватна сопственост, не само на недвижнини. Се изведува во случаи на потреба за изградба на патишта, железнички линии, канали, рудници, населби, индустриски објекти и др.

Наводи уреди

  1. Македонска Енциклопедија. Скопје, Македонија: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 228. ISBN 978-608-203-023-4.
  2. Дурути во време на шпанската револуција. AK Press. 2007. стр. 236. ISBN 978-1-904859-50-5. Проверете ги датумските вредности во: |year= (help)