Еднорог

митско суштество

Еднороготмитолошко животно слично на бел коњ со еден рог на челото. Еднорогот бил прикажан во уметноста на Месопотамија, како и во древните митови од Индија и од Кина. Најраниот опис на еднорогот бил откриен во старогрчкатта литература во периодот околу 400 г. пред нашата ера и можно е да се однесувал на носорог од Индија.

Нежната девица ја има моќта да го припитоми еднорогот, фреска во Рим, од околу 1602.

Се верувало дека еднорогот бил див и тежок за фаќање, но ако пред него била донесена девица во тој случај еднорогот легнувал и ја ставал главата во нејзиниот скут. Се верувало дека неговиот рог може да послужи како заштита од отров. Писателите од средниот век еднорогот го доведувале во врска со Исус, а ловот на еднорог бил честа тема во средновековната уметност.

Еднорогот стои на кралскиот грб на Обединетото Кралство како симбол на Шкотска како дел од кралството, како и на шкотската верзија на тој грб.

Надворешни врски уреди