Едвин Томас Бут (13 ноември 1833 - 7 јуни 1893) бил американски глумец од познато театарско семејство.

Едвин Бут во улога на Хамлет
Гробот на Едвин Бут

Животопис уреди

Својата прва главна улога ја одиграл во Бостон и во Њујорк во 1857 година. Станал познат како Хамлет играјќи ја улогата 100 ноќи едноподруго во 1864-1865 година. Кога неговиот брат Џон Вилкс Бут извршил атентат над претседателот Абрахам Линколн, Едвин се повлекол од театарската сцена сè до 1866 година. Во 1869 година отворил сопствен театар, но погрешното раководење го натерало да го продаде во 1873 година. Неговите инетрпретации на Хамлет, Јаго и на кралот Лир, биле прифатени со одушевување во Англија и Германија. Го основал Клубот на глумци во 1888 година. Умрел на 7 јуни 1893 година во Њујорк.[1]

Наводи уреди

  1. Британика Енциклопедиски Речник. Топер, МПМ, 2005, Книга 3