Европски форум на осигурители на депозити

Европскиот форум на осигурители на депозити (ЕФДИ) првпат беше формиран во 2002 година со поддржкa на Европската комисија. Основан е od 25 членки-основачи кои донесоа одлука за создавање заедничка платформа за меѓусебна размена на информации. Во јуни 2007 година, ЕФДИ стекна законски статус на Меѓународно непрофитно здружение според белгискиот закон (ИНПА - АИСБЛ). Седиштето на ЕФДИ е во Брисел (B-1000 Bruxelles, 10 Rue Montoyer, Belgium). Канцелариите на претседателот и секретаријатот на ЕФДИ се наоѓаат во Рим (Via del Plebiscito, 102, 00186, Roma, Italia). ЕФДИ моментално го сочинуваат 68 институции, дел полноправни членки (57 шеми за осигурување на депозити), а дел придружни (11 шеми за компензација на инвенститори) од вкупно 44 држави, земји-членки на Советот на Европа (согласно член 6 од Статутот на ЕФДИ). ЕФДИ има тесна соработка со позначајните европски и меѓународни организации и академски институции особено со Европската комисија (ЕК), Европската централна банка (ЕЦБ), Европската управа за надзор на работењето на банките, Светската банка (СБ), Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Европска тркалезна маса на финансиски услуги, Европската банкарска федерација (ЕБФ) и Меѓународното здружение на осигурители на депозити (ИАДИ).

Цели на ЕФДИ уреди

Главната цел на ЕФДИ е да придонесе за стабилноста на финансиските системи преку јакнење на европскaтa и меѓународната соработка во областа на осигурување на депозитите, разрешување на финансиска криза и компензирање на инвеститорите, како и тоа да создава услови за дискусија и размена на експертски мислења и информации за прашања од заеднички интерес. ЕФДИ е посветен, исто така, на регулаторните прашања и други теми од заемен интерес и истражувањето на можностите за решавање на прекуграничните прашања, вклучувајќи и подобра соработка меѓу европските земји и поврзување со неевропските шеми за осигурување на депозити. Воедно, ЕФДИ е сосредоточен и на анализата и развојот на практичната имплементација на Директивата на ЕУ за шемите за осигурување на депозити. ЕФДИ не прави обврзувачки соопштенија во име на своите членки. ЕФДИ можe да го изрази мислењето на своите членки или на членките на подгрупатa, но само со нивна согласност. Изјавите или активностите на ЕФДИ не го загрозуваат суверенитетот на неговите членки.

ЕУ комисија уреди

ЕФДИ има воспоставено ЕУ комисија чии членки се од земјите-членки на ЕУ. Оваа комисија се занимава со политиката на ЕФДИ во врска со законодавството на Европската унија во областа на осигурувањето на депозити, со доставување одговори или соопштенија за својата политика до Европската комисија (или други институции на или поврзани со Европската унија), известување за дискусиите на членките во врска со политиката на ЕФДИ во однос на Европската комисија (или други институции на или поврзани со Европската унија); и застапување на политиката на ЕФДИ пред Европската комисија (или други институции на или поврзани со Европската унија). Со ЕУ комисијата на ЕФДИ претседава претседателот на ЕФДИ (Роберто Морети) (во согласност со чл. 31 од Статутот на ЕФДИ). Управниот одбор на ЕФДИ го именува Алекс Качински за координатор на ЕУ комисијата.

Комисија за односи со јавноста уреди

ЕФДИ, исто така, има основано Комисија за односи со јавноста составена од стручни лица во таа област од сите членки на ЕФДИ. Комисијата се занимава со сите прашања кои се од значење за односите со јавноста, а се поврзани со осигурување на депозитите и компензирање на инвеститорите. Главни цели на комисијата се размената на искуства во однос на комуникациите во кризни ситуации и одржувањето и зголемувањето на јавната свест за шемите за осигурување на депозити во земјите-членки на ЕФДИ. Управниот одбор на ЕФДИ го именува д-р Штефан Рабе како портпарол на ЕФДИ. Во оваа функција, тој, исто така, претседава и со Комисијата за односи со јавноста.

Работна група на шемите за компензација на инвеститори уреди

Работната група на шемите за компензација на инвеститори е составена од 35 институции, од кои 11 се придружни членки (т.е. само шеми за компензација на инвеститори), а останатите 24, се воедно шеми за осигурување на депозити и шеми за компензација на инвеститори. Работната група на шемите за компензација на инвеститори се занимава со политиката на ЕФДИ во врска со законодавството на ЕУ за шемите за компензација на инвеститори. Работната група со големо внимание го следи процесот на донесување на Директива за шемите за компензација на инвеститори (97/9/EC), организира состаноци, учествува во размената на ставови и бара толкувања од претставниците на Европскиот парламент и Европската комисија. Подгрупата исто така ја следи работата на Комисијата на ЕУ и се стреми кон поширока меѓународна соработка.

Работна група за разрешување на финансиска криза уреди

Работната група за разрешување на финансиска криза врши анализи и дава препораки до Управниот одбор на ЕФДИ во врска со прашањата/плановите за санација на проблематичните банки или начините за разрешување на нивната иднина така што ЕФДИ е во можност да одговори и дејствува на европските и меѓународните иницијативи по ова прашање. Од особена важност за членките на ЕФДИ е врската помеѓу шемите за осигурување на депозити и фондовите за разрешување на проблематичните банки.

Членство во ЕФДИ уреди

Полноправни членки уреди

  • Австрија - Рајфајзен осигурување на депозити на Австрија http://www.rzb.at
  • Австрија - Австриско сојузно здружение Schulze - Delitzsch http://www.oegv.info
  • Австрија - Здружение на штедилници на Австрија http://www.sparkasse.at
  • Австрија - Компанија на австриските комерцијални банки за заштита на депозити http://www.einlagensicherung.at
  • Австрија - Hypo-haftungsgesellschaft mbH http://www.hypoverband.at
  • Азербејџан - Фонд за осигурување на депозити http://www.adif.az
  • Албанија - Албанска агенција за осигурување на депозити http://www.dia.org.al Архивирано на 20 март 2016 г.
  • Белгија - Фонд за осигурување на депозити и финансиски инструменти www.protectionfund.be
  • Босна и Херцеговина - Агенција за осигурување на депозити http://www.aod.ba
  • Бугарија - Фонд за осигурување на депозити на Бугарија http://www.dif.bg
  • Велика Британија - Шема за осигурување на финансиски услуги http://www.fscs.org.uk
  • Германија - Здрушение на штедилници на Германија http://www.dsgv.de
  • Германија - Национално здружение на кооперативни банки на Германија http://www.bvr.de
  • Германија - Фонд за осигурување на депозити http://www.bdb.de
  • Германија - Фонд за заштита на депозити на Здружението на германски банки од јавниот сектор http://www.voeb.de
  • Германија - Шема за компензација на депоненти на Здружението на германски банки од јавниот сектор http://www.voeb.de
  • Германија - Шема за компензација на инвеститори од приватни германски комерцијални банки http://www.edb-banken.eu
  • Грција - Грчки гарантен фонд за депозити и инвестиции www.hdigf.gr
  • Данска - Дански гарантен фонд за заштита на депоненти и инвеститори управуван од Компанија за финансиска стабилност http://www.indskydergarantifonden.dk
  • Ерменија - Ерменски гарантен фонд на депозити http://www.adgf.am
  • Естонија - Гарантен фонд http://www.tf.ee
  • Ирска - Шема за осигурување на депозити на Ирска http://www.centralbank.ie
  • Исланд - Исландски гарантен фонд на депоненти и инвеститори http://www.tryggingarsjodur.is
  • Италија - Гарантен фонд на иматели на обврзници на кооперативни кредитни банки http://www.fgo.bcc.it
  • Италија - Меѓубанкарски фонд за осигурување на депозити http://www.fitd.it
  • Италија - Фонд за осигурување на депозити на кооперативни банки http://www.fgd.bcc.it
  • Кипар - Шема за осигурување на депозити http://www.centralbank.gov.cy
  • Латвија - Комисија за финансиски пазар и пазар на капитал на Латвија http://www.fktk.lv/en
  • Литванија - Осигурување на депозити и инвестиции http://www.iidraudimas.lt/
  • Лихтенштајн - Здрушение на банкари на Лихтенштајн www.bankenverband.li
  • Луксембург - Систем за гаранција на депозити http://www.agdl.lu
  • Македонија - Фонд за осигурување на депозити http://www.fodsk.org.mk
  • Малта - Шема за компензација на депоненти http://www.compensationschemes.org.mt
  • Норвешка - Банкарски гарантен фонд http://www.bankenessikringsfond.no
  • Полска - Институција за осигурување на депозити и штедно-кредитни задруги http://www.skok.pl
  • Полска - Банкарски гарантен фонд http://www.bfg.pl
  • Португалија - Фонд за осигурување на депозити http://www.fgd.pt
  • Португалија - Фонд за осигурување на штедно-кредитни земјоделски задруги http://www.fgcam.pt Архивирано на 10 мај 2019 г.
  • Романија - Фонд за осигурување на депозити во банките http://www.fgdb.ro
  • Русија - Агенција за осигурување на депозити http://www.asv.org.ru/en Архивирано на 12 јули 2012 г.
  • Сан Марино - Централна банка на Сан Марино http://www.bcsm.sm
  • Словачка - Фонд за заштита на депозити http://www.fovsr.sk
  • Словенија - Банка на Словенија http://www.bsi.si
  • Србија - Агенција за осигурување на депозити http://www.aod.rs
  • Турција - Фонд за осигурување на штедни влогови http://www.tmsf.org.tr
  • Украина - Фонд за осигурување на депозити во банките http://www.fg.gov.ua
  • Унгарија - Национален фонд за осигурување на депозити на Унгарија http://www.oba.hu
  • Финска - Фонд за исгурување на депозити http://www.talletussuojarahasto.fi
  • Франција - Фонд за осигурување на депозити и инвеститори http://www.garantiedesdepots.fr
  • Холандија - Колективна гарантна шема на кредитни институции за исплата на влогови и инвестиционо портфолио http://www.dnb.nl
  • Хрватска - Државна агенција за осигурување на депозити и санација на банки http://www.dab.hr
  • Црна Гора - Фонд за заштита на депозити http://www.fzdcg.org
  • Чешка - Фонд за осигурување на депозити http://www.fpv.cz
  • Џерси - Развој на финансиската индустрија - економски развој http://www.gov.je
  • Швајцарија - Заштита на депозити на швајцарските банки и трговците со хартии од вредност http://www.garantie-des-depots.ch
  • Шведска - Одбор за осигурување на депозити http://www.riksgalden.se
  • Шпанија - Фонд за осигурување на депозити во кредитни институции http://www.fgd.es

Придружни членки уреди

  • Бугарија - Фонд за компензација на инвеститори http://www.sfund-bg.com
  • Ирска - Компанија за компензација на инвеститори http://www.investorcompensation.ie
  • Италија - Национален гарантен фонд http://www. fondonazionaledigaranzia.it
  • Норвешка - Шема за компензација на инвеститори на Норвешка http://www.fno.no/en/Home/ Архивирано на 30 август 2012 г.
  • Португалија - Шема за компензација на инвеститори http://www.cmvm.pt
  • Романија - Фонд за компензација на инвеститори http://www.fond-fci.ro
  • Турција - Шема за компензација на инвеститори на Турција http://www.mkk.com.tr
  • Унгарија - Фонд за компензација на инвеститори http://www.bva.hu
  • Финска - Фински гарантен фонд на депозити-Сојуз на институции даватели на финансиски услуги http://www.fkl.fi/en Архивирано на 13 март 2017 г.
  • Хрватска - Централен депозитар и Клириншка куќа АД http://www.skdd.hr
  • Чешка - Фонд за заштита на трговците со хартии од вредност http://www.gfo.cz

Набљудувачи уреди

  • Банка за меѓународно порамнување
  • Европска банка за обнова и развој
  • Европска банкарска федерација
  • Европска комисија
  • Европска комисија - Заеднички истражувачки центар
  • Европска тркалезна маса за финансиски услуги
  • Европска управа за надзор на работењето на банките
  • Европска централна банка
  • Меѓународно здружение на осигурители на депозити
  • Меѓународен монетарен фонд
  • Светска банка
  • Светски институт на штедилници aisbl / Европска група на штедилници aisbl

Управен одбор на ЕФДИ уреди

Претседател: Роберто Морети (Италија)

Потпретседател: Дирк Купеи (Германија)

Благајник: Хелмут Штарнбахер (Австрија)

Други членови на Управниот одбор:

Андраш Фекете-Џер (Унгарија)

Франсоа де Лакост Ларејмонди (Франција)

Андреј Пехтерев (Русија)

Патрик Леб (Швајцарија)

Претседатели на комисии и други тела: уреди

Претседател на ЕУ комисијата: Роберто Морети (Италија)

Координатор на ЕУ комисијата: Алекс Качински (Велика Британија)

Претседател на работната група за компензација на инвеститори: Дирк Купеи (Германија)

Координатор на работната група за компензација на инвеститори: Јохан Палин (Финска)

Порпарол: д-р Штефан Рабе (Германија)

Секретаријат: Дебора Поли (Италија)

Надворешни врски уреди