Европски суд за човекови права

Да не се меша со Европски суд за правда, највисокиот суд на Европската Унија.

Европскиот суд за човекови права (англиски: European Court of Human Rights, француски: Cour européenne des droits de l’homme) во Стразбур е супранационален суд, основан со Европската конвенција за човекови права, кој претставува правна потпора од последна инстанца за лица кои сметаат дека нивните човекови права се прекршени од некоја договорна страна на Конвенцијата. Жалби до судот можат да бидат поднесени и од други договорни страни.

Конвенцијата е усвоена под покровителство на Совет на Европа, од кои сите 47 земји-членки се страни на Конвенцијата.

Досегашни судии од Република Македонија во Европскиот суд за човекови права биле Маргарита Цаца Николовска (1998-2008) и Мирјана Лазарова Трајковска (2008-2017).

Историја и структура уреди

 
Парче од Берлинскиот ѕид пред Европскиот суд за човекови права

Како постојано тело со девет постојано вработени судии, судот се воспостави на 1 ноември 1998 година, заменувајќи ги постоечките механизми за спроведување од тој период, кои ги вклучуваа Европската комисија за човекови права (основана во 1954 година) и Европскиот суд за човекови права, кој беше основан во 1959 година.

Новата форма на судот е резултат на ратификацијата на протоколот 11, дополнение на Конвенцијата кој е ратификувана во ноември 1998 година. Новите постојано вработени судии, последователно се избрани од Парламентарното собрание на Советот на Европа. Првиот претседател на судот беше Луциус Вилдхабер.

Судот донесе 837 пресуди, додека протоколот бр. 11 стапи во сила на 1 октомври 1998 година, воспоставувајќи целосно оперативен суд кој му отвора директен пристап на 800 милиони Европејци. Сите земји-членки на Советот на Европа треба да ја потпишат и ратификуваат конвенцијата.

Бројот на судии во судот е еднаков на договорните страни (земји-членки), кој сега е 47. Секој судија е избран во однос на договорните страни од страна на Парламентарното собрание на Советот на Европа. И покрај ова совпаѓање, не постојат услови државјанство на судиите (на пример Швајцарец може да биде избран како претставник на Лихтенштајн.) Судиите треба да бидат непристрасни арбитри, а не претставници на некоја земја. Судиите се избрани за мандат од шест години и можат да бидат повторно избрани.

Судот е поделен на пет „секции“, од која секоја се состои од географски избор на судии и еднаква застапеност на половите меѓу судиите. Целиот суд избира претседател и претседатели на петте секции, од кои двајца исто така служат и како заменик претседатели. Мандатот за секој е три години. Секоја оддел избира свој судски совет, кое се состои од претседателот на одделот и ротирачки избор на шест други судии. Судот, исто така има и Голем судски совет, составено од 17 члена. Членови на овој судски совет се претседателот, заменик претседателите, претседателите на секциите, како и ротирачки избор на судии од една од двете еднакво застапени групи. Изборот на судии помеѓу групите се менува на секои девет месеци.

Помеѓу 2006 и 2010 година, Русија е единствената држава, од 47 земји учеснички која одбила да го потпише Протоколот 14, наменет за да ја забрза работата на судот, делумно со намалување на бројот на судии потребен за донесување на важна одлука. Во 2010 година, Русија запре со спротивставувањето кон протоколот, во замена за гаранција дека руските судии ќе бидат вклучени во ревидирањето на жалбите против Русија.

Постапка уреди

 
Судница на Европскиот суд за човекови права

Тужбите за прекршок од страна на земјите-членки се поднесуваат во Стразбур, а потоа се доставуваат до назначениот оддел. Неоснованите тужби се одбиени од комитет во состав од три судии, со едногласност. Основаните тужби се разгледуваат од страна на еден судски совет. За одлуките од големо значење може да се поднесе жалба до Големиот судски совет. Која било одлука на судот е обврзувачка за земјите-членки и мора да се примени, освен ако не е совет до земјата.

Комитет на министри на Советот на Европа има за улога да врши надзор врз извршувањето на судските одлуки. Судски со вето не може да ја принуди една држава да се согласи со одлуката, а последна санкција за несогласување би била исклучување од Советот на Европа. Во 1999 година, имаше 60.000 заостаните предмети, кои во 2007 достигнаа и до 100.000 заостанати предмети. На почетокот од 2010 година судот имаше околу 120.000 заостанати предмети и листа за чекање за неколку години. 1 од секои 20 поднесени предмети се сметаат за прифатливи. Во 2007 година, судот донесе 1.503 пресуди. Доколку се продолжи со сегашното темпо, би му требало 46 години за да ги реши сите заостанати случаи.

Судии и оддели уреди

Судот има пет оддели, а 47 судии се избрани од земјите-членки на Советот на Европа.

Пленарниот суд избира генерален секретар и еден или повеќе заменик-секретари. Секретарот е на чело на Регистратурата, која ги врши правните и административните задачи и подготвува одлуки и пресуди во име на судот. Од 4 јануари 2007 година секретар и заменик секретари се:

Реформи уреди

Поради зголемената свест на европските граѓани за нивните права пропишани со конвенцијата, судот стана жртва на својот сопствен успех. Некои случаи траеја и до пет години пред да се донесе одлука, па постоеше значаен број на заостанати предмети. На пример, според Билтен за информации за човековите права (издаден од страна на Советот на Европа) помеѓу 1 ноември 2003 година и 29 февруари 2004 година, судот одлучуваше за 7.315 случаи, од кои 6.255 се прогласени за неприфатливи, за да се намалат заостанатите предмети.

Во 2008 година, судот поднесе извештај дека донел 1.543 пресуди, а преку 32.000 случаи биле прогласени за неприфатливи. Според извештајот од 2008 година, со околу 94% од предметите разгледани како неприфатливи, судот де факто се придвижи во насока на проблеми од поширока правна важност, наместо заштита на поединечните човекови права.

Работејќи на принципот дека „одложена правда е негирана правда”, Советот на Европа постави работна група која ќе бара начини за подобрување на ефикасноста на судот. Ова резултираше со измена на Конвенцијата за заштита на човековите права и основни слободи, односно протоколот 14. Овој нов протокол, кој за да стапи во силатреба да биде универзално ратификуван од сите земји-членки на Советот на Европа, донесува бројни промени:

  • Само еден судија ќе може да одлучува за основаноста на предметот. Во моментов тројца судии одлучуваат.
  • Кога предметите се главно слични како претходни предмети изнесени пред судот, и се значајни поради неуспехот на земја-членка да го смени домашниот закон, за предметот ќе можат да одлучуваат тројца судии намосто судски совет од седум судии.
  • Еден случај не мора да биде прифатлив, доколку се смета дека поднесителот трпел „значајна неповолност". Сепак, ова не е правило кое не треба да се измени.
  • Земја-членка може да биде изведена пред судот од страна на Комитетот на министри, доколку таа земја одбива да спроведе пресуда.
  • Комитетот на министри може да го прашат судот за ,,толкување" на пресуда за да го одреди најдобриот начин со кој државата може да се согласи.

Од Амнести интернешнел (Amnesty international) изјавија загриженост дека овие промени за критериумите за прифатливост ќе значат дека поединците можат да ја изгубат способноста да „добијат надомест за штета за прекршување на човековите права.``

Алекс Бајлин и Алисон Мекдоналд изјавија за ,,Гардијан`` дека Протоколот 14 ќе му овозможи на судот да ги принуди земјите да се согласат со обврските за човековите права.

Врски со Европскиот суд за правда уреди

Европскиот суд на правдата (ЕСП) не е поврзан со Европскиот суд за човекови права. Сепак, бидејќи сите земји-членки на ЕУ се и земји-членки на Советот на Европа и ја имаат потпишано Конвенција за човекови права, постои загриженост за постојаноста на прецедентното право помеѓу двата суда. Според тоа, за прецедентното право ЕСП се однесува на Европскиот суд за човекови права и со Конвенцијата за човекови права се однесува како да е дел од правниот систем на ЕУ. Иако, нејзините членки се приклучија, ЕУ сè уште се нема приклучено, бидејќи нема надлежност да го направи тоа според претходните договори. Сепак, институциите на ЕУ со Членот 6 од ЕУ договорот од Ница се ограничени да ги почитуваат човековите права како што наложува конвенцијата. Понатаму, со стапувањето во сила од 1 декември 2009 година на договорот од Лисабон, се очекува ЕУ да ја потпише конвенцијата. Со ова, Судот на правда би се ограничил на судските преседани од Судот за човекови права, а со тоа и решавајќи го проблемот со прецедентното право.

Врска со националниот правен поредок уреди

Повеќето од договорните страни на Европската конвенција за човекови прави ја имаат вградено конвенцијата во нивниот национален поредок, преку уставни одредби, статут или судски одлуки. Нејзиното вградување заедно со стапувањето во сила на Протоколот бр.11, драмитично го зголеми статусот на правата од Конвенцијата и влијанието на прецедентното право на Европскиот суд за човекови права. Државни судии, избрани функционери и службеници сега се под зголемен притисок за да ја делотворно да правата од Конвенцијата станат ефективни во рамките на националниот систем.

Значајни одлуки уреди

Како ,,клучна одлука`` за судот се смета случајот, Ирска против Обединетото Кралство, од декември 1977 година. Судот одлучи дека владата на Обединетото Кралство е виновна за ,,нечовечки и деградирачки третман`` врз луѓе кои се затворени без судење, по еден случај изнесен од Република Ирска (случај број 5310/71), кој го вклучува практикувањето на петте техники (*техники за испрашување) и практиката за претепување на затвореници претставува нечовечка и деградирачка казна.

Некои од другите значајни случаи се Соеринг против Обединетото Кралство (јуни 1989 година), кој вклучува екстрадиција во САД за да се соочи со смртна казна. Тајрер против Обединетото Кралство (март 1978 година) во врска со телесните казни за малолетнички престапници, како и Кокинакис против Грција (април 1993 година) кој се справуваше со конфликтот на правата на различни луѓе. По 20 години судот пресуди за случајот Лоизиду против Турција со штета за надоместот (од над 1 милион долари) за Кипарскиот бегалец.

Архитектура уреди

 
,,Ричард Роџер Партнершип`` ја дизајнираше зградата на Европскиот суд за човекови права

Ричард Роџер Партнершип ја дизaјнираше, а во 1995 и комплетираше зградата, која е дом на судските комори и Регистратурата (администрација и референдуми). Помеѓу другите работи, дизајнот треба да ги рефлектира двете различни компоненти на Комисијата и Судот (како што беа тогаш). Големата количина на стакло ја нагласува ,,отвореноста`` на судот кон Европските граѓани.

Надворешни врски уреди