Европол (кратенка за Европската полициска агенција) е агенција за криминалистичко разузнавање на Европската унија. Официјално, како ден на основање се смета 1 јули 1999 година.

Европол
Europol
Location
СедиштеХаг, Холандија
Правно овластувањеTreaty on EU Title VI
Одлука на Советот 2009/371/JHA
Signed1998
Основана1 јули 1999
ДиректорРоб Вејнрајт
Интернет странаeuropol.europa.eu

Основањето на Европол било договорено во 1992 година на Мастришкиот договор, официјално познат како Договорот на Европската унија (ДЕУ), кој стапил во сила во ноември 1993 година. Агенцијата започнала ограничени операции на 3 јануари 1994 година, како Одделение за дрога на Европол. Во 1998 година Конвенцијата за Европол била ратификувана од сите земји-членки и стапила во сила во октомври. Европол започнал со своите активности на 1 јули 1999 година.

Европол ги распределува своите ресурси (625 вработени, од овие, околу 120 офицери за врска на Европол ) од своето седиште во Хаг. Големината на Европол е во согласност со фактот дека се во постојана врска со стотици различни организации за безбедност, од кои секоја има поединци или групи, здружени за помагање во активностите на Европол.

Заклучно со 2007 година, Европол ги опфаќа сите 27 земји-членки на Европската унија. Со цел ефикасно да се бори против меѓународниот организиран криминал, Европол соработува со голем број партнери (земји или институции), како што се: Албанија, Австралија, Босна и Херцеговина, Канада, ЦЕПОЛ (Европскиот полициски колеџ), Колумбија, Хрватска, Eurojust, Европската централна банка, Европската комисија, Европскиот мониторинг центар за дрога и зависности од дрога, Република Македонија, Фронтекс, Исланд, Интерпол, Молдавија, Норвешка, ОЛАФ (Европска канцеларија за спречување измама), Руската Федерација, Србија, Швајцарија, СитЦен (Заеднички центар за ситуации на ЕУ), Турција, Канцеларија на Обединетите нации за дрога и криминал, САД, Светската царинска организација. Надворешната стратегија на Европол ја дефинира рамката во која Европол треба да ги развие своите активности во однос на трети партнери.

Европол е реформирана како полноправна агенција на ЕУ на 1 јануари 2010 година. Со тоа Европол доби зголемување на овластувањата, да собира информации за криминал, а Европскиот парламент доби повеќе контрола врз активностите и буџетот на Европол[1].

Историја уреди

Европол има потекло во ТРЕВИ, форум за внатрешна соработка за безбедност меѓу министерствата за внатрешни работи и за правда на ЕЕЗ / ЕЗ, создаден во 1975 година и активен сè до стапувањето на сила на Мастришкиот договор во 1993 година.

Со федералната организацијата на полицијата, Германија веќе подолго време била во служба на наднационалната полициска организација на ниво на ЕК. На состанокот на Европскиот совет во Луксембург во јуни 1991 година, таа предложи создавање на Европска полициска служба. Пред крајот на меѓувладината конференција во декември истата година, земјите-членки се обврзале на создавање на Европол преку член К.1 (9) од Мастришкиот договор. На Европол му беше дадена скромна улога на создавање „широк систем за размена на информации во Унијата“ меѓу полициските сили на ЕУ.

Одложувањата на ратификувањето на Мастришкиот договор доведоа да министрите на ТРЕВИ се согласат за „министерска спогодба за Одделението за дрога на Европол“ во јуни 1993 година. Овој меѓувладин договор, надвор од законите на ЕУ, довел до формирање на мал тим на чело со Јирген Сторбег, висок германски полициски службеник кој првично управувал од некои привремени кабинети во едно предградие на Стразбур (ги делел со персоналот на Шенген системот за информации), додека да се направат повеќе постојани договори.

Откако Мастришкиот договор стапи на сила, започнал бавниот процес на преговори и ратификација на Конвенцијата за Европол. Во меѓувреме, Одделението за дроги на Европол ја имаше двапати проширено својата моќ, во март 1995 година и повторно во декември 1996 година вклучила голем број на кријумчарења во својата надлежност. Во текот на овој период, информациите меѓу полицајците можеле да се разменуваат само билатерално, со централна база на податоци основана веднаш по ратификувањето на Конвенцијата за Европол. Конвенцијата за Европол конечно стапи во сила во октомври 1998 година по ратификацијата од страна на сите 15 национални парламенти на ЕУ, иако според некои извонредни правни прашања (првенствено надзорот за заштита на податоци и судскиот надзор) формално, не можела да ги преземе надлежностите до јули 1999 година.

Конвенцијата за Европол беше заменета со Одлуката на Советот од 6 април 2009 за основање на Европската полициска служба (Европол), претварајќи ја Европол во формална агенција на ЕУ, како и зголемување на некои од нејзините овластувања. Европскиот парламент доби повеќе контрола врз Европол со Одлуката на Советот.

Функции и задачи уреди

Европол е организација на Европската унија надлежна за спроведување на законот, која работи со криминалистичко-разузнавачки информации. Нејзина цел е поддршка во подобрување на делотворноста и соработката помеѓу надлежните органи на земјите членки во спречувањето и борбата против организираниот криминал, тероризмот и други форми на сериозен криминал кои зафаќаат две или повеќе земји членки, поврзано со недозволена трговија со дрога, недозволена трговија со јадрени и радиоактивни материи, криумчарење на мигранти, трговија со луѓе, тероризам, криминалитет поврзан со моторни возила, перење пари, убиство, недозволена трговија со човечки органи и ткива, киднапирање, расизам, фалсификување и пиратерија.

Задачите на Европол се поврзуваат со најразлични дејствија, како на пример собирање на информации, известувања до надлежните органи на земјите-членки и слично. Европол има право да ги повика државните органи кои се засегнати од определен криминал, да започнат истрага за основање заеднички истражни тимови, да развие специјализирано познавање на истражните постапки на надлежните органи на земјите-членки или пак да осигури помош на земјите-членки преку поддршка, совети и истражување со спроведување обуки за членовите на нивните надлежни органи.

Европол, исто така, од 2005 година има улога на Централна канцеларија за борба против фалсификување на еврото.

Покрај соработката со земјите членки на Европската унија, Европол соработува и со други надворешни партнери со кои склучува стратешки или оперативни договори за соработка. Со стратешките договори овозможена е размена на стратешки или технички оперативни информации, додека со оперативните договори овозможена е размена и на лични податоци во врска со лица инволвирани во криминални активности во рамки на мандатот на Европол.

Секоја земја членка на Европската унија, покрај националното биро за врски во седиштето на Европол, во чиј состав се назначени офицери за врски, има назначено и Национално одделение за Европол (англиски: ENU - Europol National Unit) во својата земја. Националното одделение е единствена врска меѓу Европол и компетентните национални надлежности. Истите принципи и одговорности кои се применуваат на националните одделенија на земјите членки на ЕУ, се подеднакво применливи и за одделенијата поставени во секоја трета страна, како контакт точка со Европол за размена на информации во рамки на договор за соработка. Овие одделенија во Европол се нарекуваат Национални контакт точки.

Целта на Европол е да се подобри ефикасноста и соработката помеѓу надлежните органи на земјите-членки, првенствено преку размена и здружување на службите за разузнавање за спречување на меѓународниот организиран криминал и борба против него. Нејзината мисија е да даде значителен придонес во напорите на Европската унија за борба против организираниот криминал.

Европол нема извршна власт. Европол е сервис за поддршка на агенциите за спроведување на законот на земјите-членки на ЕУ. Ова значи дека службениците на Европол немаат право да спроведуваат истраги во земјите-членки или да уапсуваат осомничени. Во обезбедување на поддршка, Европол со своите методи - размена на информации, разузнавачка анализа, стручност и обука - може да придонесе во мерките што се спроведуваат од страна на надлежните национални власти. Европол е мулти-дисциплинарна агенција, која се состои не само од редовни полициски службеници, туку и од членови од различни агенции за спроведување на законот од сите земји-членки: имигрантските служби, граничната и финансиската полиција, итн. Освен ова, Европол помага за надминување на јазичните бариери во меѓународната полициска соработка. Службениците за спроведување на законот од земјите-членки може да упатат барање до нивната национална единица на нивниот мајчин јазик и да добијат одговор на истиот јазик.

Офицери за врска уреди

Сите земји членки назначуваат минимум еден офицер за врска во Европол. Офицерите за врска на земјите членки ја претставуваат сопствената држава и за своето работење се одговорни пред матичната држава. Трети страни (земји кои не се членки на ЕУ и меѓународни организации) кои имаат договор за соработка со Европол можат исто така да назначат офицер за врски во Европол.

Офицерите за врска на земјите членки на ЕУ се овластени да разменуваат информации помеѓу национналните одделенија, Европол и другите земји членки. Тие се овластени да користат неколку компјутерски системи на Европол, со цел да ја исполнат својата задача.

Функцијата и задачите на т.н. офицери за врска се да обезбедат и достават информации, да соработуваат со персоналот од Европол и да помагаат во размената на информации. Офицерите за врски од трети држави во принцип ги имаат истите задачи и задолженија, како и офицерите за врски на државите членки, со исклучок на пристапот до компјутерските системи на Европол.

Национални одделенија уреди

Националните одделенија за Европол се сместени во секоја земја членка и се екипирани со комбинација од службеници од органите надлежни за спроведување на законот или царински работници, како и цивилен персонал. Тие се единственото тело за врска помеѓу Европол и надлежните органи на земјите членки, за размена на сите информации. Земјите членки можат да дозволат и директни конаткти меѓу назначените надлежни органи и Европол, со претходна вклученост и информираност на националното одделение. Националните одделенија имаат пристап до релевантни национални податоци и до Информацискиот систем на Европол (IS).

Национални контакт точки уреди

Истите принципи и одговорности кои се применуваат на Националните одделенија за Европол на земјите членки се подеднакво применливи и за одделенијата поставени во секоја трета страна, како контакт точка со Европол за размена на информации во рамки на договор за соработка. Овие одделенија се нарекуваат Национални контакт точки и тие делуваат како Национално одделение за Европол, со тоа што тие немаат пристап до Информацискиот систем на Европол (IS).

Движењето на информациите се одвива преку канцеларијата за врски на третата страна во Европол или во случај кога не постои Канцеларија за врски и назначен офицер за врска, директно преку Одделот за операции на Европол. Овој Оддел е надлежен за примање и доставување на информации до трети страни. Ова овозможува контролиран и структуриран начин за размена на информации помеѓу ЕВРОПОЛ и трети земји и меѓународни тела за соработка со кои е склучен договор.

Надлежни органи уреди

Дирекцијата на Европол е назначена од Советот на Европската унија (министри за правда и внатрешни работи). Тој во моментов се состои од директор Роб Вајнврајт (Велика Британија) и со заменик-директори Том Дрисен(Холандија), Мишел Квиле(Франција) и Еуџенио Орланди (Италија).

Европол е политички одговорна за Советот за правда и внатрешни работи преку Управниот одбор на Европол. Советот го контролира изборот на директор на Европол и на заменик-директорите. Исто така го контролира буџетот на Европол, финансиран од придонесите на земјите-членки, а не од буџетот на ЕУ и сите законски инструменти кои се неопходни за Европол. Управниот одбор на Европол е составен од Министри за внатрешни работи со еден претставник од секоја земја-членка. Се состанува најмалку двапати годишно и меѓу другото подготвува политичка контрола врз повеќе рутинско екипирање и буџетски прашања. Заедничкиот надзорен орган ја надгледува заштитата на податоците во Европол и има двајца претставници од надзорните органи за заштита на податоци од секоја земја учесничка.

Финансискиот надзор над Европол е потпомогнат од страна на комисијата за ревизори составен од членството на Европскиот суд на ревизори и е познат како Заеднички одбор за ревизија. Заедничкиот комитет за ревизија, технички, не е дел од Европскиот суд на ревизори, како што буџетот на Европол не е дел од севкупниот буџет на ЕУ. Овој необичен аранжман го задржува меѓувладиниот карактер на Европол.

Европскиот суд за правда има минимална надлежност врз Европол, со нејзините надлежност се протега само на ограничено толкување на Конвенцијата за Европол.

Европскиот омбудсман, иако без формална улога во Конвенцијата за Европол, се чини дека се стекнал со де факто признание како посредник во прашањата на Европол во врска со барањата пристап до документите и споровите на вработените во Европол.

Наводи уреди

  1. „A Stronger Europol“. Europol. 2010. Посетено на 2010-09-06.[мртва врска]