Евдоксиј Антиохиски

Евдоксиј Антиохиски (Eudoxius; грчки: Ευδόξιος ο Αντιοχείας) — Цариградски патријарх во периодот од 360 до 370 година. Пред да стане патријарх, тој бил епископ во Антиохија.

Во времето кога учел во Антиохија, Евдоксиј станал приврзаник на аријанството, особено на крилото на Евсевиј Никомедиски. Тој учествувал на црковните собори во Антиохија, Сердика и Милано, а во текот на 358 година станал Патријарх на Антиохија. Констанциј II го симнал од престолот и го вратил во својата родна Кападокија, главно поради неговата поддршка на аријанството на Евномиј.

Во 360 година станал Цариградски патријарх, каде во 366 година го крстил царот Валент, кој паднал под негово влијание.

Наводи уреди