Neon Genesis Evangelion (新世紀エヴァンゲリオン, Shin Seiki Evangerion, буквално "Евангелие на Нова Ера"), почесто познат како Evangelion или Eva, е комерцијално и критично успешен јапонски аниме серијал кој почна да се покажува во октомври 1995. Серијата доби голема популарност поради што си придоби неколку поголеми анимациски награди и беше лансирана Неон Генезис Евангелион франшизата. Анимето е создадено од Gainax, напишано и зрежирано од Хидеаки Анно, и продуцирано од TV Tokyo и Nihon Ad Systems (NAS).

„Евангелион“
РежисерХидеаки Анно
СценаристХидеаки Анно
ЖанрМека, Апокалиптична и пост-апокалиптична фикција, Драма
МузикаШиро Сагису
СтудиоGainax, Tatsunoko
Земја Јапонија

Евангелион е апокалиптична, мека, акциска серија која се врти околу напорите на полувојничката организација НЕРВ да се бори против монструозните битја познати како Ангели (во англиската верзија се преведени како Ангели, додека во јапонската се познати како 使徒 Shito Шито што значи Апостол или Ученик), главно користејќи гигантски хуманоиди познати како Евангелиони пилотирани од избрани тинејџери.

Настани во анимето се однесуваат на Јудијско-Христијански симболи од Книгата на Битие и библиската апокрифа. Подоцнежни епизоди деконструират теми и мотиви од мека жанрот и се фкусират на психоанализа на главните ликови, кои имаат различни емоционални проблеми и ментални болести; човечката екзистенција и реалност се поставуват под прашање заради што е можна карактеризација на Евангелион како “постмодерна фантазија“. Хидеаки Анно, режисерот на серијата, пател од клинична депресија пред да го создаде анимето, така да психолошките аспекти во анимето се засновани на неговите лични искуства и совладување на болестта. Анимето е ран пример на жанрот “секаи-кеи“, аниме/манга кои ги отсликуваат животите на своите протагонисти во крајот на светот.

Приказна уреди

Во 2000 година “Вториот Удар“ (глобална катаклизма) го уништува поголемиот дел од Антарктикот поради што умира половина од целото човештво. Ударот, за кој јавноста мисли дека е последица на метеор, предизвикува катастрофален цунами, промени во косината на Земјината оска (што доведува до глобални климатски промени), а подоцна и геополитични немири (вклучувајќи општа економска криза и јадрена војна). Следните 10 години истражувачката организација Гехрин (Gehrin) и нејзиниот добротвор, мистериозната Зееле (Seele) организација, постигнуваат бројни впечатливи научни и инжинирски цели, вклучувајќи го и создавањето на гигантски хуманоиди познати како Евангелиони, како и изградбата на Токио-3, милитаризиран, цивилен град сместен на еден од последните суви јапонски терени, во подготовка на пристигнувањето на суштествата познати како Ангели. Петнаест години подоцна 14-годишниот Шинџи Икари е повикан во Токио-3 од страна на татко си, Гендо Икари, макијавелистички командант на НЕРВ (полувојничкиот наследник на Гехрин) и принуден да стане пилот на Евангелион Единица-01 во пресрет на напад од страна на Ангел. Шинџи започнува да живее со капитанката Мисато Кацураги. Наскоро на неговата мисија, да ги пронајде и уништи Ангелите, се придружува Реи Ајанами (пилот на Единицата-00) и Асука Лангли Сорју (пилот на Единица-02). Сепак, суштината на Ангелите и Евангелионите е доведена во прашање од страна на наспротните заговори и агенди од страна на Зееле и НЕВР и нивните врски со мистериозниот проект Human Instrumentality (Човечко Испополнување).

Ликови уреди

Ликовите во Евангелион се континуирано борат со своите меѓучовечки односи, своите внатрешни демони и трауматски настани од своето минато, создавајќи комплицирант примерок на односи. Анно го опиша херојот Шинџи како момче кое “избегнува контакт со луѓе“ и “се има убедено себеси дека е потполно непотребна личност, толку непотребен што не може нити да се самоубие“. Тој ги опишува Шинџи и Мисато како карактери кои “се крајно плашат да не бидат повредени“ и “несоодветни- во недостиг на позитивен став- да би биле наречени хероји на некоја авантура“. Во споредба со стереотипните хероји, на Шинџи му претежно недостигаат енергија и емоции, а не хероизм или храброст. Реи Ајанами и Асука Лангли Сорју, другите главни протагонистки, имаат слични недостатоци како и тешкотии во односот со други луѓе.

Шинџи Икари уреди

Шинџи Икари (碇 シンジ, Ikari Shinji) е Третото Дете и пилот на Единицата-01. Во јапонската верзија е синхронизиран од Мегуми Огата, а во англиската адаптација од Спајк Спенсер. Тој е син на Гендо и Јуи Икари. Напуштен од татко си кога бил дете, Шинџи пораснал во изолирана и повлечена личност која често избира да побегне од тешки ситуации. Со текот на времето и охрабрувањето од страна на Мисато се учи да не биде толкава кукавица, да е по-отворен и посигурен, но неговиот напредок е непотполен кон крајот на серијата. Шинџи се спријателува со Тоџи Сузухара и Кенсуке Аида, со Реи има братско-сестрински односи, а со Асука љубовно-омразни односи.

Реи Ајанами уреди

Реи Ајанами (綾波 レイ, Ayanami Rei) е Првото Дете и пилот на Единицата-00. Во јапоснката верзија е синхронизирана од Мегуми Хајашибара, а во англиската од Аманда Вин-Ли и Брина Паленсија. На почетокот на серијата е прикажана како тивка и повлечена личност, навидум без емоции и оддалечена; изгледа дека e во добар однос само со Гендо Икари. Како што напредува серијата таа и Шинџи се зближуваат. Евентуално се открива дека Реи е сад за душата на Ангелот Лилит, и е била специално создадена од Гендо со цел да биде искористена за постигнување на Инструменталноста. Во најдлабоко скриените места на НЕРВ се скриени бездушни клонови на Реи кои се наменети да се користат како “јадра“ на Дами плаговите (Dummy Plugs) и како надоместни тела за Реи во случај таа да умре.

Асука Лангли Сорју уреди

Асука Лангли Сорју (惣流・アスカ・ラングレー, Sōryū Asuka Rangurē) е Второто Дете и пилот на Единицата-02. Во јапонската верзија ја синхронизира Јуко Мијамура, а во англиската адаптација Тифани Грант. Таа е од германско и јапонско потекло, но по националност е германка. Асука е дрзка, егоистична, често употребува и вербални навреди (посебно кон Шинџи) и се смета себеси за најубава и највешта во пилотирањето на Ева. Покрај тоа копнее и по независност. Нејзиниот арогантен однос е маска која ја штити пред длабоко вкоренетата несигурност која произлегува од нејзиното трауматично детство. Асука е занесена по Рјоџи Каџи, но исто така ја привлекува и Шинџи; не може правилно да ги изрази своите чувства. Во Rebuild of Evangelion сериите нејзиното име е сменето во Асука Лангли Шикинами (式波 Shikinami) и е рангирана како капетан на Европското воздухопловство.

Кауору Нагиса уреди

Кауору Нагиса (渚 カヲル, Nagisa Kaoru) е Петтото Дете и седумнаестиот Ангел, Табрис. Во Јапонската верзија е синхронизиран од Акира Ишида. Во англиската верзија од Кајл Стурдивант во анимето и Арон Крон во филмовите и Џери Џевел во Rebuild of Evangelion сериите. Тој е пратен во Нерв од страна на Зееле како замена на пилотот на Единица-02 откако синхронизацискиот однос паѓа под ниво на одржливост; меѓутоа неговата вистинска цел е да го забрза спроведувањето на проектот Human Instrumentality. Ноќе провалува во терминалот Догма со цел да се врати во Адам и да го започне Третиот Удар, но откако открива дека тамошното суштество не е Адам туку Лилит го наговара Шинџи да го уништи. По својата смрт, Кауору се појавува на почетокот и средината на Третиот Удар во филмот The End of Evangelion.

Гендо Икари уреди

Гендо Икари (碇 ゲンドウ, Ikari Gendō) е командантот на Нерв. Во јапонската верзија е синхронизиран од Фумихико Тачики. Во англиските филмови и епизоди е синхронизиран од Тристан МакАвери, а во серијата Rebuild of Evangelion од Џон Саси. Тој е одговорен за истражувањата сторени на Евите, Реи Ајанами и проектот Human Instrumentality. Татко е на Третото Дете - Шинџи Икари и чувар на Реи. Своето оригинално презиме Рокубунги го сменува откако се жени со Јуи. На почетокот на серијата е единствената личност која има делотворна врска со Реи. Како што серијата напредува неговато бескруполозно минато се открива; како што е на пример неговата интензива љубов кон Јуи. Подоцна се открива дека го користи проектот Human Instrumentality за да се повторно обедини со својата сопруга внатре во Единицата 01, каде што сета човечка совест ќе се спои и стане едно; а иницијаторот на проектот ќе стане сличен на Бог.

Козо Фујуцики уреди

Козо Фујуцуки (冬月 コウゾウ, Fuyutsuki Kōzō) е заменик-командант во Нерв и десна рака на Гендо Икари. Во јапоснката верзија е синхронизиран од Мотому Кијокава, а во англиската од Гуил Ланд во серијата, Мајкл Рос во филмовите и Кент Вилијамс во серијата Rebuild of Evangelion. Не само да му се допаѓа Гендо, туку тој е и најблиското нешто до близок пријател што го Гендо има во серијата.

Додека бил професор на мета-биологија на Универзитет во Кјото, Фујуцуки почнал да се занима за истражувањата и теорииите кои ги преземала Јуи Икари и станал нејзин спонзор и ментор. Подоцна, неговите претпоставени му предлагале да започне слична спогодба со Гендо Рокобунги. По Вториот Удар, Фујуцуки и Гендо патувале по урнатините на Антарктикот, поради што Фујуцуки почнал да се сомнева дека Гендо и неговите соработници Зееле се помоќни и по-опасни одошто тој првично мислел. Во 2003 година, Фујуцуки ја открил вистината за сите настани кои довеле до Вториот Удар како и учеството на Зееле во отпочнувањето на катастрофата. Гендо го довел во Геофронтата (Geofront) и Централната догма (Central Dogma) и го замолил да му се придружи во „создавањето на нова иднина за човештвото“.

За време на флешбек сцена во филмот The End of Evangelion, Фујуцуки напоменува дека Зееле се заканувале да го “отстранат“, што значи дека неговото регрутирање е можеби уцена. Иако Фујуцуки никогаш не е бил ништо повеќе од пријател и менотр на Јуи, се подразбира дека до некоја степен е бил вљубен во, и веста дека таа е вљубена и планира да се мажи за Гендо го е шокирала. Во The End of Evangelion, Лилит/Реи ја зема формата на Јуи со цел да ја постигне инструменталноста на Фујуцуки.

Мисато Кацураги уреди

Мисато Кацураги (葛城 ミサト, Katsuragi Misato) е раководителка на главната оперативна служба во Нерв. Котоно Мицуши ја синхронизира во јапонската верзија, додека во англиската е тоа Алисон Кејт. Во аниме серијата на почетокот ја има улогата на Капитан, а подоцна е унапредена во Мајор; во првиот дел на серијата Rebuild of Evangelion ја има позицијата на опручник, а подоцна во вториот филм е полковник. Таа е командантка за пилотите на Ева, им дава наредби и борбени стратегии; исто така раководи некои бирократски работи. Покрај тоа е и заштитник на Шинџи и Асука; и двајцата живеат во нејзиниот стан, наместо да би живееле сами. Иако е професионална и вредна на своето работно место, кога не е на работа е просташка и пијандура. Мисато е единствената преживеана од Кацураги Експедицијата, научната студија водена од страна на татко која го предизвикала Вториот Удар. Крстот-приврзок кој го постојано носи бил подарок од татко и пред да умре. За време на колеџ таа и Рјоџи Каџи биле љубовници; полека во текот на серијата нивната романса се повторно разгорува.

Рицуко Акаги уреди

Рицуко Акаги (赤木 リツコ, Akagi Ritsuko) е главната научничка во Нерв; покрај Гендо и Фујуцуки таа е единствената личност во Нерв која знае за вистинската природа на Евите и целта на проектот Instrumentality. Синхронизирана е од страна на Јурико Јамагучи во јапонската верзија, Сју Ала во англиската серија, и Колин Клинкенбеард во англиската верзија на Rebuild of Evangelion. Рицуко е работохолик и тежок пушач; за време на колеџ пријателувала со Мисато и Каџи. Исто така има романтична врска со Гендо, но се чувствува предадено кога открива дека Гендо ја само искористува како што ја искористувал мајка ѝ. За да се одмазди го уништува системот Dummy Plug. Во филмот The End of Evangelion е застрелана и умира неуспевајќи да го активира самоуништувачкиот механизам на Нерв и на тој начин не успева да го сопре Гендо да не го започне Третиот Удар.

Рјоџи Каџи уреди

Рјоџи Каџи (加持 リョウジ, Kaji Ryōji) се чини дека е троен агент; прво работи како специален инспектор за Нерв (внатрешни работи), во меѓувреме тајно го истражува истиот за јапонската влада, а на моменти работи за и против Гендо и Зееле - покрај тоа се чини дека има своја лична агенда независна од било која организација, која се занимава со барање на „вистината“ позади Нерв, Зееле и проектот Human Instrumentality. За времето кога бил на колеџ со Мисато биле љубовници, но ја прекинале својата врска на инсистирање од Мисато. Години подоцна повторно се среќаватт на ОН флотата која ги превезува Единицата 02 и Асука во Јапонија. Отако се враќа во Нерв, Каџи и Мисато ја обновуваат својата романса по што следи период на неразбирања и навреди, кога Мисато му признава дека во минатото раскинал со него бидејќи ја потсеќал на татко ѝ. На крајот е застрелан и убиен од анонимен напаѓач, но претходно им паќоси на неговите работодавци и ѝ ја кажува на Мисато вистината за проектот Instrumentality. Во јапонската верзија му зборува Коичи Јамадера, а во англиската Арон Крон и Џ.Мајкл Татум.

Теми уреди

Продукција уреди

Наводи уреди

Надворешни врски уреди