Евангелие според Тома

Евангелието според Тома е ранохристијанска збирка од Исусови изреки, кои не се наоѓаат во Новиот завет. Евангелието според Тома било пронајдено во текот на XX век, во библиотеката Наг Хамади.

Гностицизам

This article is part of a series on Гностицизам
Историја на гностицизмот
Ран гностицизам
Сириско-египетски гностицизам
Гностицизам во денешно време
Отци
Филон Александриски
Симон Врач
Серинтиј
Валентин
Василид
Гностички текстови
Гностички евангелија
Гностицизам и Новиот завет
Поврзани статии
Гносис
Неоплатонизам и гностицизам
Мандејство
Манихејство
Босанска црква
Езотерично христијанство

Гностицизам Portal
P. Oxy. 655

Целиот текст содржи 114 изреки кои се препишуваат на Исус, од кои околу половина се наоѓаат и во канонскиот Нов завет, додека останатите не биле познати пред истите да бидат откриени. Во воведот на текстот, пред изреките во поголемиот број на изреки стои: Исус рече. И покрај тоа што било пронајдено во Хан Хамади заедно со уште неколку други текстови, ова [евангелие] не може да биде припишано на некоја посебна гностичка школа.

Денес постојат две верзии на Евангелието по Тома. Првата била откриена во доцните 1800 меѓу Оксиртинкус Папири и таа содржи фрагменти од таканаречената грчка верзија која датира од околу 200 година. Втората, комплетна верзија е на коптски, од Кодекс II најдена во Наг Хамади. Евангелието според Тома прво било напишано на старогрчки јазик (или можно на сириски или арамејски) некаде меѓу средина на првиот и крајот на 2 век.

Постојат многу шпекулации за релациите на Тома со канонските евангелија. Многу кажувања на овој текст имаат паралели со Новиот завет, особено оние најдени во синоптичките евангелија. Ова води во верување дека Тома е исто така заснована натака наречениот „Q“ документ, заедно со Матеј, Лука и Марко. За разлика од синоптичките евангелија, Тома нема раскажување кое ги поврзува кажувањата. Тоа е список на 114 Кажувања, без некој посебен ред. Споредбата со Новиот завет покажува дека Тома содржи по рани кажувања.

Создавање уреди

Евангелието според Тома било напишано на коптски јазик и претставува превод на стари грчки списи. Фрагментите од оваа евангелие во изворната верзија, на грчки јазик, биле објавени во XX век. Според некои истражувачи, барем еден од тие грчки фрагменти бил напишан 200 години по Христос, кое означува дека грчката верзија од ова евангелие била во употреба во Египет во 2 век. Авторството според некои се припишува на Јуда, близнак на Тома, кој единствен меѓу апостолите ја разбрал уникатноста и неспоредливоста на Христос. Така завреднил посебни откровенија. Имагинарниот автор на делата е познат на сиријското предание како брат на Исус Христос и основач на источните цркви (во Едеса и во Индија). Сè уште не е познато дали најпрвин било преведено на арамејски, па на грчки, бидејќи најстарите Исусови изреки, заедно со оние кои се канонски, најпрвин биле пишувани на арамејски, јазикот на кој зборувал Исус. Гностиците често го наведувале како автор на свите дела (пр. Дела на Тома и Книга на Тома ‘). Ниту коптските преводи ниту грчките фрагменти не го сочувале изворниот облик, но подоцна се променети под влијание на гностичките идеи.

Симон Петар им рече: „Марија нека си оди од нас зошто жените не заслужуваат да живеат“. А Исус одговорил: „Јас ќе ја оспособам и направам како маж, така таа ќе стане жив дух кој ќе наликува на вас мажите. Затоа што секоја жена која ќе биде како маж, ќе влезе во Домот Небески...“

Исус рече: "Кој токлување на овие слова ќе најде, тој смрт не ќе вкуси“

Исус на своите ученици им рече: "Споредете ме и кажете ми на кого сум налик". Му рече Симон Петар: "На Ангел Праведник". Матеј му рече: "Налик си на мудар филозоф". Тома рече: "Учителу, на кого си налик, мојте усни воопшто не можат да кажат". Исус рече: "Твој учител Јас не сум, бидејќи ти се опи од врутокот што јас само го отворив". И тој [Исус] го прими кон себе [Тома], насамо се тргнаа и три слова му проглаголи. А кога Тома се врати, го прашаа пријателите: "Што ти рече Исус?". Тома им рече: "Кога би ви рекол само едно слово кое ми го кажа, камења би сте зеле и по мене ќе ги фрлате, а од камењата ќе се распламти оган и вас ќе ве запали".