Дуждова палата

дворец во Венеција, Италија

Дуждовата палата (италијански: Palazzo Ducale) е готска градба во Венеција.

Дуждова палата
Palazzo Ducale
Поглед кон палатата
Карта
Општи податоци
Стилготска архитектура
ГрадВенеција
ЗемјаИталија
Почната1309 до 1424
Проектирање и изградба
АрхитектЏовани и Бартоломео Буон
Библиотеката во Дуждовата палата

Сегашната палата датира некаде од 1309 до 1424, но е изградена врз основа на претходни нацрти од 9 век на Филипо Календарио. Џовани и Бартоломео Буон ја конструирале таканаречената Porta della Carta, монументална доцноготска порта која се наоѓа на страната на Пјацетата.

Палатата била тешко оштетена од пожар на 20 декември 1577 година[1]. Така, по започнување на реновирањето било одлучено повторно да се зачува оригиналниот готски стил, и покрај поднесувањето на нео-класични проекти од страна на влијателни архитекти како Андреа Паладио. Сепак постојат некои класични елементи како на пример Мостот на воздишките кој ја поврзува со затворот.

Палатата била резиденција на Дуждот и во него се наоѓале канцелариите на разни политички инстутуции. На првиот спрат биле сместени правниците; Канцеларијата; Цензорите и Поморските служби. На вториот спрат е Големата Сала на Советот, Жрепната комора и одаите на Дуждот. На третиот спрат се наоѓа т.н. Sala del Collegio (украсена со слики, меѓу кои портрети на неколку дуждови, и сликата Лепанто од Паоло Веронезе) каде се вршеле приеми на амбасадори. Таму наоѓаме и владини соби како собата на Десетката. Во зградата се наоѓа и комората Bussola, каде граѓаните поднесувале жалби и поплаки, салата наречена Sala dei Tre Capi и собата на Државниот Инквизитор.

Веројатно најраскошната соба е Големата Сала на Советот или Sala del Maggior Consiglio во која се одржувале состаноците на законодавното тело. Овој огромен простор е прекриен со слики, по ѕидовите и по плафоните, особено со протрети на дажовите, но исто така и Тинторетовото дело со огромни димензии наречено Рај, која е најголемата слика на платно во светот.

Исто така треба да се спомне собата наречена Sala dello Scrutinio, со уште портрети на дуждови, и други интересни слики како Лепанто на Андреа Вичентино.

Надворешни врски уреди

Наводи уреди