Другата девојка од Болејнови

Другата девојка од Болејнови (англиски: The Other Boleyn Girl) е драма/историски филм од 2008 година. Приказната на филмот, иако наведува дека е заснована на историски факти, сепак е послободна интерпретација на историјата, т.н. романизирана верзија, а како подлога на сценариото, всушност се јавува истоимениот бестселер-роман на Филипа Грегори. Така, покрај величествената и сензуална приказна за интриги, љубов и предавтство, секако, привлечен адут на овој филм се и двете главни протагонистки, атрактивните Скарлет Јохансон и Натали Портман, кои филмското сестринство го продолжија во искрено пријателство и по завршувањето на снимањето. Филмот е сниман во септември 2006 год. во Англија, а монтиран истата година во декември. Сепак, некои клучни сцени се преснимани во август минатата година.

„Другата девојка од Болејнови
(The Other Boleyn Girl)“
РежисерЏастин Чедвик
ПродуцентСкот Рудин
Алисон Овен
СценаристФилипа Грегори (роман)
Главни улогиНатали Портман
Скарлет Јохансон
Ерик Бана
Џим Стругес
Марк Риланс
Жанрдрама
историска
МузикаЕд Шермур
ДистрибутерColumbia Pictures
Focus Features
Премиера29 февруари 2008
Земја САД
Јазиканглиски
Буџет$40,000,000
Бруто заработка$26,051,266

Синопсис уреди

Двете сестри Ана и Мери Болејн се водени од својот амбициозен татко, како и од вујкото, да ги засилат моќта и статусот на семејството, така што ќе го привлечат интересот на кралот на Англија. Живеејќи дотогаш едноставен селски живот, девојките ќе бидат турнати во опасниот свет на дворскиот живот. Во остварувањето на задачата, да помогнат во општественото интригантен свет на семејството, односот на Ана и Мери се развива во сурово соперништво меѓу сестрите за да ја добијат љубовта на кралот. Во почетокот, Мери ја освојува наклоноста на кралот Хенри и станува негова љубовница, па дури и забременува со негово незаконско дете. Но, итрата и помудра Ана бестрашно застанува наспроти двете жени во животот на кралот, својата сестра и законската сопруга на Хенри Осми , кралицата Катарина од Арагон. И покрај нежните чувства кон Хенри што се развиваат кај Мери, нејзината сестра Ана е решена да оди докрај. Ана нема да запре сè додека на стане кралица на Англија. Додека двете девојки од Болејнови се борат за љубовта на кралот – едната водена од амбиција, а другата од искрените чувства – на Англија и се заканува распарчување. И покрај драматичните последици, девојките Болејн наоѓаат сила да ја пронајдат лојалноста една кон друга и да ја задржат својата сестринска врска.

Глумци Ликови
Натали Портман Кралица Ана Болејн
Скарлет Јохансон Мери Болејн
Ерик Бана Хенри Осми
Џим Стургес Џорџ Болејн
Марк Риланс Томас Болејн
Кристин Скот Томас Елизабет Болејн
Џуно Темпл Џејн Паркер