Драмска серија е колоквијален наслов за телевизиска серија која по својата содржина одговара на телевизиска драма во најширока смисла.

Драмските серии се разликуваат по обликот, па тие можат да бидат мини серии со точно ограничен број на епизоди, но и сапунски опери кои се емитуваат и по неколку децении.

По жанрот, драмските серии обично се делат онака како играните филмови па така постојат вестерн серии, научно-фантастични серии, криминалистички серии, хумористични серии итн.

Драмска серија во САД уреди

Во светот моментално најпопуларен облик на драмските серии е оној кој го претставува стандардот за американките телевизиски мрежи, а понекогаш за него се користи и името ТВ драма.

Драмските серии обично се состојат од 9-26 епизоди, кои требаат да се емитуваат на една од ТВ Мрежите во текот на телевизиската сезона која во САД трае од почетокот на есента до крајот на пролетта. Секоја епизода по правило е 45 минути, а заедно со рекламите трае 60 минути.

Зависно од гледаноста, која во САД се одредува по темелите на Неилсеновиот рејтинг, продуцентите и управата на ТВ Мрежа одлучуваат дали драмската серија ќе продолжи со снимањето и дали ќе има следни сезони. Доколку снимањето продолжи, се зборува за прва или втора сезона од серијата.

Сезоната обично завршува со епизодата која се нарекува финале на сезоната (Season Finale) и содржи спектакуларен и драматурски обрат (во англиската терминологија познат како cliffhanger) кој во заплетот остава неразрешени ситуации и кои разрешени би биле во другата сезона.