Долна Нормандија (француски: Basse-Normandie, МФА: [bas nɔr.mɑ̃.di]; нормандски: Basse-Normaundie) е административен регион на Франција. Регионот бил создаден во 1956, кога регионот Нормандија бил поделен на Долна и Горна Нормандија. Регионот вклучува три департмани, Калвадос, Манш и Орн. Тој покрива 10,857 км2, 3.2 проценти од површината на цела Франција.[1]

Долна Нормандија
Basse-Normandie
Знаме на Долна Нормандија
Земја Франција
ПрефектураКан
Департмани
Управа
 • ПретседателЛоран Бове (PS (Социјалистичка партија))
Површина
 • Вкупна17.589 км2 (6,791 ми2)
Население (2007-01-01)
 • Вкупно1.453.000
 • Густина83/км2 (210/ми2)
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
NUTSFR2
Мреж. местоcr-basse-normandie.fr
Мапа на регионот

Историја уреди

Традиционалната провинција Нормандија, со историја од 10-от век наваму, во 1957 била поделена на два нови региона: Долна Нормандија и Горна Нормандија. Во тек на римскиот период, регионот бил поделен на неколку различни градови-држави а во 5 век регионот бил освоен од страна на Франките. Во 9 век, освојувањата и грабежите на Норманите го опустошиле регионот. Повеќето од териториите на Долна Нормандија биле додадени на војводството Нормандија во 10 век. Во 1066, војводата Вилијам I од Нормандија ја освоил Англија. Тој бил погребан во Кан. Со победата во Битката кај Теншбре во 1106 Нормандија била дадена на Плантагенети. Приближно сто години подоцна, во 1204, кралот Филип II Август од Франција, го освоил регионот. Потоа, во тек на Стогодишната војна, Плантагенетите повторно го освоиле а потоа повторно го освоиле Французите меѓу 1436 и 1450. До 1453, Француската монархија имала контрола врз цела Франција со исклучок на Кале, кој останал во рацете на Англичаните. Во тек на Втората светска војна, фокусот на операцијата Оверлорд бил на Долна Нормандија. На плажите на Калвадос се одиграл денот-Д во јуни 1944. Регионот Долна Нормандија претрпел огромни штети во тек на Војната. Многу села и градови биле разрушени во тек на Битката кај Нормандија.

Стопанство уреди

Економијата во регионот во голем дел се потпира на земјоделството, овоштарството и сточарството како и на производството на текстил. Регионот во рамки на Франција е предводник во производство на путер, сирење, меки млечни намази и цидра. Исто така во овој регион се одгледуваат најмногу коњи од било кој друг регион во Франција. Сточарството главно е развиено во западниот дел поради добрите пасишта. Близу градот Кан се ископува железна руда. Друга важна стопанска гранка е туризмот. Регионот со бродски линии (фериброд) е поврзан со Англија (преку пристаништето Шербур и Кан Уистреам).

Култура уреди

Освен францускиот, Нормандија си има свој регионален јазик, нормандскиот. Овој јазик сè уште се користи во Долна Нормандија. Во Долна Нормандија исто така живееле и некои познати писатели, вклучително Ги де Мопасан и Марсел Пруст. Поважни културни збиднувања во овој регион се Азискиот филмски фестивал во Довил и Американскиот филмски фестивал во Довил.

Поголеми општини уреди

Наводи уреди

  1. (Northcutt, 1996, p. 181)

Надворешни врски уреди

49°00′N 1°00′W / 49.000° СГШ; 1.000° ЗГД / 49.000; -1.000