Долина на Хунзите

За статијата за поранешната кнежевска држава, погледнете Хунза (кнежевство)

Долина на Хунзите (бурушаски: ہنزہ‎, урду: ہنزہ) — планинска долина во близина на Гилгит, во северните предели на Пакистан. Долината на Хунзите е сместена на надморска височина од 2.438 метри. Територијата на Хунзите се простира на околу 7.900 км2. Каримабад (порано нарекувана Балтит) е престолнината којашто, исто така, е мошне извесно туристичко одредиште во Пакистан, поради впечатливите предели на околните планини како Ракапоши, Ултар Сар, Боџахагур II, Врв Гента, Врв Хунза, Врв Дармиани, и Бублиматинг, сите на 6.000 м или повеќе.

Знаме на Хунза

Историја уреди

 
Мир Сафдар Али Кан од Хунза и Трибесмен, 1891. E. F. Knight

Хунза е поранешно кнежевство кое се граничело со Кина на североисток и Памир на северозапад. Истото продолжува да суштествува до 1974, кога конечно е распуштено (поништено) од Зулфикар Али Буто. Кнежевството се граничи со претставништвото Гилгит на југ, поранешно кнежевство Нагар-исток. Престолнина на кнежевството е Балтит (позната и како Каримабад).

Хунза било независно кнежевство повеќе од 900 години. Британците воспоставиле сопствено владение над Хунза и околните долини на Нагар помеѓу 1889 и 1892, проследено со воена интервенција на сурова сила. Тогашниот кнез Мир Сафдар Али Кан од Хунза пребегал во Кашгар во Кина и барал политички азил.

Иако никогаш непосредно непокорено од соседниот Кашмир, кнежевството Хунза било потчинето на Кашмир, во времето на Махараџа Ранбир Синг од Јаму и Кашмир. Миревите на Хунза плаќале годишeн данок на Кашмир Дурбар до 1947, и заедно со владетелот на Нагар, се сметале за најпреданите подвласници на Махараџата од Кашмир.

Географија уреди

 
Балтитска тврдина — поранешната резиденција на мировите (кнезовите) на Хунза

Хунза е ситуирана на надморска восочина од 2.438 метри. Низ многу векови, Хунза го овозможувала најбрзиот пристап до Сват и Гандара за некој што патува пешки. Рутата била непроодна за натоварени животни; само human porters можеле да поминат, и тоа само со дозвола на месното население. Хунза била лесно бранета бидејќи проодите биле често помалце од поламетар (околу 18") широки.

Клима уреди

Температурата во мај е максимум 27 °C и минимум 14 °C и октомври максимум е 10 °C a минимум е 0 °C. Туристичката сезона во Хунза започнува од мај до Октомври, бидејќи во зима автопатот на Каракорум е вообичаено блокиран од снег.

Сообраќај уреди

Денес, познатиот автопат Каракорум поминува низ Хунза, поврзувајки го пакистан со Кина преку Хунџераб. Патувајќи низ долината од југ на север, Хунза е земјата на лево, и поранешната земја Нагар надесно од Реката Хунза. Регуларни автобуски линии оперираат помеѓу Гилгит и Централна Хунза (Алиабад и Каримабад) и исто така помеѓу Гилгит и Сост гојал. PTDC канцеларијата во Гилгит, Сост и Исламабад организира тури и транспорт за посетители.

Спектакуларни предели уреди

Хунза е едно од најегзотичните места во Пакистан. Неколку high peaks се издигнуваат над 6.000 м во околината на долината на Хунзите. Долината овозможува спектакуларни погледи на некои од најубавите и највеличествени планини од светот во кои спаѓаат Ракапоши (7.788 м), Ултар Сар (7.388 м), Боџахагур Дуанасир II (7.329 м) Гента 7.090 м, Хунза 6.270 м, Дармјани (6.090 м), и Бублиматинг (6.000 м).

Во долината на Хунзите се наогаат и древната Балтитска и Алтитска тврдина. Балтитската е на врвот на Каримабад, додека Тврдина Алтит лежи на подножјето на долината.

Хунзи уреди

 
Реката Хунза во долината Хунза

Колку што е долината позната по нејзината убавина, Хунзите се познати како пријателски и гостопримливи. Локалниот јазик е бурушаски, а Ваки и Шина се исто така говорени, но повеќето луѓе разбираат Урду и Англиски. Степенот на писменост во долината Хунза се верува дека е мовеќе од 90%, така што секое дете од новите генерации изучува најмалки средно школо. Многу од нив се одлучуваат за високо образование на престижни колеџи и универзитети во Пакистан и надвор.

Повеќето Хунзи се муслимани (Исмаили Шиа), следбеници на Неговото Величество кнезот Карим Ага Кан IV. Регионот Хунза е дом на луѓе од три етнитети:

Бурушаскиот го зборуваат низ цела Хунза. Јазикот е изолат.

Хинзите колективно се нарекуваат Хунзукути, додека Бурушо се однесува само на луѓето што говорат бурушаски. Мнозинството се исмаилски шиити, се следбеници на Ага Кан.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  • Leitner, G. W. (1893): Dardistan in 1866, 1886 and 1893: Being An Account of the History, Religions, Customs, Legends, Fables and Songs of Gilgit, Chilas, Kandia (Gabrial) Yasin, Chitral, Hunza, Nagyr and other parts of the Hindukush, as also a supplement to the second edition of The Hunza and Nagyr Handbook. And An Epitome of Part III of the author’s “The Languages and Races of Dardistan.” First Reprint 1978. Manjusri Publishing House, New Delhi.
  • Lorimer, Lt. Col. D.L.R. Folk Tales of Hunza. 1st edition 1935, Oslo. Three volumes. Vol. II, republished by the Institute of Folk Heritage, Islamabad. 1981.
  • Sidkey, M. H. "Shamans and Mountain Spirits in Hunza." Asian Foklore Studies, Vol. 53, No. 1 (1994), pp. 67–96.

Надворешни врски уреди