Дипломиран инженер

Дипломиран инженер е академска и стручна титула што се стекнува со завршување факултет од областа на техничките науки, со времетраење од 4 или 5 години, во зависност од струката.

Поединечни варијанти пред Болоња уреди

Во земјите со значајно германско влијание во високото образование, инженерската диплома вообичаено се издаваше по 5 години настава. Покрај Германија, ова вклучува и земји како Австрија, Белорусија, Белгија, Бугарија, Хрватска, Чешка, Финска, Грција, Унгарија, Македонија, Холандија, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Русија, Србија, Словачка, Шпанија, Шведска, Швајцарија и Украина.

На германски, традиционалната инженерска титула се нарекува дипл. инж.. Оваа титула вообичаено е еднаква на магистер. Повеќето програми што водеа кон титулата дипл. инж. денес водат кон магистерска титула, бидејќи титулата дипломиран инженер е академска титула повлечена поради Болоњскиот процес.

Во Хрватска, стариот систем ја вклучуваше титулата дипломиран инженер (diplomirani inženjer (скр. dipl.ing.)). што се издаваше од универзитетските факултети, и пониско рангираната инженерска титула (inženjer (скр. ing.)).