Динетах (навахо јазик: Dinétah) е традиционална татковина на навахо племето. На навахо јазик, зборот Dinétah значи помеѓу навахо народот. Во географска смисла, Динетах содржи голем простор од северозападно Ново Мексико, југозападно Колорадо. југоисточна Јута и североисточна Аризона. Точните граници на територијата не се познати и воглавном се бележани спрема врвовите на планините што одговараат со четирите основни страни.

Геофрафија и топографија уреди

Регионот Динетах е обележан од големи планини и длабоки кањони низ кои поминува реката Сан Хуан. Кањоните во тој регион се составени од неправилни површински релјеф со големи карпи и песок. Надморската висина е околу 5.000 стапки и со малубројни планински врвови што достигнуваат висина и до 14. 000 стапки. Границата на регионот традиционално се означува според планините: Бланка врв на исток, Тејлор планина на југ, Сан Франциско врв на запад и Хесперус врв на север.

Културолошки осврт кон регионот уреди

Навахо народот го смета регионот Динетах како нивна татковина. Традицијата на народот и целата навахо митологија се поврзани со регионот и регионот играла значајна улога во животот на навахо народот. Регионот е многу голем по површина но срцето на регионот е местото со кањони на јужниот дел од реката Сан Хуан на местата Ларго и Каризо во Ново Мексико. Овие кањони се сместени на исток и југ од Фармингтон, Ново Мексико и ги вклучува Бланко кањон, Ларго кањон, Каризо кањон и Гобернадор кањон. Значењето на регионот за народот е забележано во оралната традиција на навахо народот низ историјата но и исто така поддржана и од поголем број на археолошки пронајдоци и карпести цртежи. Според навахо традицијата, Малата Жена (Asdząąn nádleehé) што е и една од најпознатите навахо детали од нивната култура, била основана од Светиот Народ (Díyín diné’é) на Гобернадор. Исто така регионот се поврзува и со првото доаѓање на четирите навахо кланови во тој регион од западните крајбрежни делови.

Археолошки пронајдоци уреди

 
Навахо тврдина.

Во регионот има илјадници археолошки пронајдоци што се денес забележани. Во тоа се вклучени неколку култури како на пример тврдини наречени пуеблоси, но исто така рано навахо и рани шпански населени места. Природната суша на регионот придонела за добро зачувување на сите пронајдоци како што се камените тврдини, дрвени структури и голем број на цртежи и живописи. Најзначајните навахо археолошки пронајдоци се навахо тврдините или пуеблосите. Овие се камени структури составени од една до шест соби. Пуеблосите се сметаат дека датираат од крајот на 17 век и се голема одбрана од природните непогоди. Исто така имаат и кули за набљудување. Неколку пуеблоси се заштитени од државата Ново Мексико.

Наводи уреди

  • Powers, Margaret A., and Johnson, Byron P. Defensive Sites of Dinetah. New Mexico Bureau of Land Management Cultural Resources Series No. 2, 1987. Albuquerque, New Mexico.
  • Roessel, Robert A. Jr. Dinétah - Navajo History Vol. II. Navajo Curriculum Center and Title IV-B Materials Project, Rough Rock Demonstration School, Rough Rock, Arizona, 1983.
  • Zolbrod, Paul G. Diné bahané: The Navajo Creation Story. Albuquerque: University of New Mexico Press, 1984.

Надворешни врски уреди