Дејан Блажевски

Македонски фудбалер

Дејан Блажевски (1985) — македонски фудбалер, напаѓач на Вардар и повремен член на македонската фудбалска репрезентација.

Македонија Дејан Блажевски
Лични податоци
Роден на 6 декември 1985(1985-12-06)(38 г.)
Роден во Скопје, СФРЈ Југославија
Висина &100000000000001720000001,72 м
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Вардар Вардар
Број 9
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2006-2008 Пелистер Пелистер 57 (12)
2008-2010 Агротикос Агротикос 64 (8)
2010–2011 Верија Верија 29 (2)
2011-2012 Пиерикос Пиерикос 34 (2)
2012-2014 Турново Турново 54 (39)
2014 Хазар Хазар 19 (3)
2015- Вардар Вардар 59 (29)
Репрезентација
2012- Македонија Македонија 4 (1)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 3 јули 2012
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 3 јули 2012

Клупска кариера уреди

Турново уреди

Во есенскиот дел на сезоната 2013-2014 година, Блажевки бил прв стрелец во првата македонска фудбалска лига, постигнувајќи 19 голови, додека во календарската 2013 година, Блажевски постигнал вкупно 30 голови. Оттука, на 26 декември 2013 година, Фудбалската федерација на Македонија го прогласила Блажевски за најдобар македонски фудбалер кој игра во домашното првенство.

Вардар уреди

На 1 март 2015, го направил своето официјално деби за Вардар, постигнувајќи два гола во победата на гости над Силекс со 3-0. Во следното коло, на дебито пред домашната публика, повторно бил стрелец во победата со 2-1 над Металург.

Репрезентативна кариера уреди

Блажевски го направил своето деби за македонската сениорска репрезентација на 14 ноември 2012, Во периодот кога селектор бил Чедомир Јаневски, во победата со 3-2 над Словенија.[1]

Наводи уреди

  1. "Блажевски одигра година за паметење, Дневник, година XVII, број 5351, петок, 27 декември 2013, стр, 26.