Ден Симонс (англиски: Dan Simmons, роден 4 април 1948 година, во Пеорија, Илиноис[1]) е американски писател, најпознат по својот роман Хиперион (награден со Хуго награда) и продолжнието Пад на Хиперион. Останатите романи од оваа серија, наречени Спев за Хиперион се Ендимион и Воздигнувањето на Ендимион.

Ден Симонс
Роден/а4 април 1948
Пеорија, Илиноис, САД
ЗанимањеРоманописец
НационалностСАД
Период1983-сè до денес
ЖанрНаучна фантастика, Хорор и Фантазија
Значајни делаNovel: Song of Kali (1985), Novel: Hyperion (1989)
мрежно место
http://www.dansimmons.com/index.html

Во своите дела Симонс поврзува разни жанрови: научна фнтастика, хорор и епска фантастика, често правејќи го тоа во едно исто дело. Типичен пример за неговиот обичај на мешање на жанрови е романот Песна за божицата Кали од 1985 година, наградена со World Fantasy Award. Покрај тоа, познат е и како автор на мистерии и трилери.

Животопис уреди

Симонс дипломирал англиска книжевност на колеџот Вабаш во 1970 година и 1972 година ја добил титулата Мaстер на Вашингтоновиот Универзитет во Сент Луис, Мисури[1]. После тоа работел како наставник во основни училишта сè до 1989 година.

Набрзо почнал да пишува раскази но не се има пробиено сè до 1982 година, кога, со помош на Харлан Елисон, неговиот раскази Реката Стикс тече узводно е објавена и наградена со прво место на писателскиот натпревар на списението Twilight Zone. Првата книга, Песна за божицата Кали (Song of Kali) ја објавил 1985 година. Во 1995 година, Wabash колеџот на Ден Симонс му додели почесна докторска титула за неговиот придонес во образованието и пишувањето.

Хорор уреди

Summer of Night (1991) го опишува детството на група основци кои се здружуваат во текот на 1960-та за да го поразат вековното зло кое го тероризира нивниот роден град, Елм Хејвен, во Илиноис. Овој роман, пофален и од големиот хорор гуру Стивен Кинг, е сличен на Кинговиот роман Суштество, по фокусот на животот во малиот град, расипувањето на невиноста, враќање на прастарото зло и преземање одговорност за другите која се јавува на преминот од детството во зрелото доба.

Во продолжението на Summer of Night, романот Winter Haunting (2002), протагонистот, сега возрасен, повторно го посетува својот роден град, како би се соочил со мистериите кои го мачат во животот. Уште едно псевдо-продолжение е делото Children of the Night (1992), во коe пишува за ликот од Summer of Night, Мајк О`Рурк, сега многу постар, католички свештеник, кој е испратен да ги истражи бизарните случки во еден европски град. Уште еден лик од Summer of Night, Лоренс Стјуард се појавува како спореден лик во романот Darwin's Blade од (2000), додека возрасната Корди Кук се појавува во романот Fires of Eden (1995). Возрасниот Кевин е главен лик во делото Faces Of Gravity.

Набрзо после Summer of Night, Симонс, кој дотогаш ствараше само хорор литература, почна да се фокусира на пишување научна фантастика.

Научна фантастика уреди

Симонс станува популарен 1989 година со издавање на Хиперион, добитник на наградите „Хуго“ и „Локус“ за најдобар научнофантастичен роман. Во него се зборува за космички сукоб, а посебно е инспириран од делото на Бокачо – „Декамерон“ и „Кантербериски приказни“ на Чосер.

Од своите први дела, Симонс стана познат како успешен писател во стварање на заплети и како еден од најдобрите автори на научна фантасtика по квалитетот на својата проза. Заплетите на Симонсовите дела се обогатени со нивната блискост со делата на класичната литература; многу негови дела влечат врски од разни класици.

Во расказите „Вани Фучи е жив и здрав“ и „Живот во пекол“ од 1988 која ги исмева ТВ-проповедниците, вклучена во збирката Prayers to Broken Stones (1990) зборува за краткото враќање на Земјата на истоимениот лик од насловот, жител на Дантеовиот Пекол. Основен заплет во Хипериoн; група различни поединци на поклонение е земен од средновековната поема „Кантербериски приказни“.

The Hollow Man (1992) е напишана под влијание на ДантеовиотПекол“ и Т.С. Елиот Расказот од 1993, The Great Lover, инспирирана е од воените поети од Првата светска војна Неговиот циклус Илион/Олимп е инспирација од Хомеровите дела Ликот на Ада и нејзиниот дом во Ардис Хол, во Илион е инспириран од романот на Владимир Набоков Ада или страст, кој е излет на Набоков во жанрот на фантастика и алтернативно минато.

Филмски адаптации уреди

Во јануари 2004, најавено е дека на основа на сценариото, кое го напишал Симонс на основа на романот Илион и Олимп ќе биде снимен филм, а самиот Симонс ќе биде извршен продуцент. Илион се најавува како „епска приказна која се протега преку 5000 години и низ цел Сончев Систем, уклучувајки теми и ликови од Хомеровата Илијада и Шекспировата Бура“. Во јули 2004, Илион е награден со признанието Локус (Lokus), признание за најдобар СФ роман за 2003 година.

Дела уреди

Спев за Хиперион уреди

  • Hyperion (1989) - награден со наградата Хуго, 1990; и со наградата Локус, 1990;
  • The Fall of Hyperion (1990)
  • Endymion (1996)
  • The Rise of Endymion (1997)

Ilium / Olympos уреди

  • Ilium (2003) - награден со Локус, 2004
  • Olympos (2005)

Joe Kurtz новели уреди

  • Hardcase (2001)
  • Hard Freeze (2002)
  • Hard as Nails (2003)

Останати книги уреди

  • Song of Kali (1985) - World Fantasy Award, 1986
  • Carrion Comfort (1989) - Bram Stoker Award, 1989
  • Phases of Gravity (1989)
  • Entropy's Bed at Midnight (1990)
  • Prayers to Broken Stones (1990, збирка раскази)
  • Summer of Night (1991)
  • Summer Sketches (1992) - награден со Локус, 1993 (Хорор)
  • The Hollow Man (1992)
  • Lovedeath (1993, збирка раскази)
  • Fires of Eden (1995)
  • The Crook Factory (1999)
  • Darwin's Blade (2000)
  • A Winter Haunting (2002)
  • Worlds Enough & Time (2002, збирка раскази)
  • The Terror (2007)
  • Drood (2009)
  • Black Hills (2010)
  • Flashback (2011)
  • The Abominable (2013)[2]
  • The Fifth Heart (2015) [3]

Наводи уреди

Надворешни врски уреди