Демографија на Мозамбик

Според податоци од 2006 година, населението на Мозамбик изнесува 21 284 700 луѓе.

Динамика на населението (1961 - 2003)

Старосна структура уреди

(2000)

  • 0-14 години: 43% (мажи 4 079 240/ жени 4 122 578)
  • 15-64 години: 54% (мажи 5 123 178/ жени 5 262 618)
  • над 65 години: 3% (мажи 215 412/ жени 301,670)

(2007)

  • 0-14 години: 44.7% (мажиe 4 692 126/ жени 4 647 960)
  • 15-64 години: 52.5% (мажи 5 345 618/ жени 5 633 511)
  • над 65 години: 2.8% (мажи 244 886/ жени 341 484)

Коефициент на плодност уреди

Етнички состав уреди

Провинциите Замбезија и Нампула се најнаселени, во нив живее околу 45% од населението во државата. Народот Макуа кој има околу четири милиона припадници е доминантна група на северот на земјата. Народите Сена и Шона живеат во долината на реката Замбези, а народот Шанган е на југот од Мозамбик. Други етнички групи се: Маконде, Јао, Свахили, Тонга, Чопи, Шона и Нгуни (вклучувајќи и Зулу). Во земјата живеат и мал број Европејци воглавном Португалци.

Религија уреди

(1997)

Јазик уреди

Португалскиот е службен јазик и јазик кој најмногу се зборува, затоа што Банту народите говорат повеќе свои јазици (од кои најмногу користат свахили, макау, сена, ндау и шанган). Арапи, Кинези и Индијци покрај португалскиот говорат и на својот јазик како нивен втор јазик. Образованите слоеви зборуваат на англиски кој се учи во училиштата како втор или трет образовен јазик.

Наводи уреди

Надворешни врски уреди