Декретните пари се пари кои ја добиваат својата вредност преку владина одлука или закон. Терминот декретна валута се користи кога декретните пари се користат како главна валута во земјата. Терминот потекнува од латинскиот збор fiat („нека биде“).[1]

Банкноти на династијата Јуан

Декретните пари потекнуваа од 11 век во Кина, и нивната употреба се раширила во текот на династиите Јуан и Минг. Во текот на 13 век, Марко Поло ги опишал парите на династијата Јуан во неговата книга „Патувањата на Марко Поло“. Со одлуката од 1971 се става крај на директната конвертабилност на американскиот долар со златото. Оттогаш, сите резервни валути се декретни валути, вклучувајќи ги американскиот долар и еврото.

Особености уреди

Терминот декретни пари се користи за означување на:

  • било кои пари кои ги прогласила владата за легално средство за плаќање.
  • пари издадени од државата, кои не се законски конвертабилни во ниеден друг предмет, ниту се фиксирани за друга вредност во смисла на некој објективен стандард.
  • пари без суштинска вредност.

Монетарна економија уреди

Во монетарната економија, декретните пари се суштински бескорисен производ користен за плаќање.

Наводи уреди

  1. „Fiat“ е трето лице сегашно време активен конјуктив на fiō („станав“, „направив“).