Дебелоклуна рибарка

Дебелоклуна рибарка
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Бекасови
Семејство: Рибарки
Род: Gelochelidon
C.L. Brehm, 1830
Вид: Дебелоклуна рибарка
Научен назив
Gelochelidon nilotica
(Gmelin, 1789)

Дебелоклуната рибарка (науч. Gelochelidon nilotica) порано Sterna nilotica морска птица од семејството на рибарките (Sternidae). Сега се смета за монотипична во својот род.

Опис уреди

Дебелоклуната рибарка е голема и моќна птица, слична по големина и општ изглед со тенкоклуната рибарка, но се разликува по краткиот дебел клун сличен на галебите, широките крилја, долгите нозе и цврстото тело. Летно време, возрасните птици имаат сиви горни делови, бели долни, црна капа, силен црн клун и црни нозе. Повикот е карактеристично кер-вик.

Во должина се од 33-42 см, со распон на крилјата 76-91 см[1][2] и тежина од 150 до 292 грама.[3]

Зимно време капата ја нема, а има темна лента низ окото. Младенчињата имаат поубава маска на очите, а инаку се слични со возрасните преку зима.

Распространетост уреди

Се размножува во потоплите краишта на јужна Европа (и мала изолирана група во северна Германија и Данска), во умерена и источна Азија, на двата брега од Северна Америка, источна Јужна Америка и Австралија. Оваа птица има бројни географски раси кои се разликуваат претежно во големината и малку во перјето.

Сите форми имаат пост-размножувачко раздвижување, а птиците што живеат на север се птици преселници кои зимуваат во јужна Африка, Карибите и северна Јужна Америка, јужна Азија и Нов Зеланд.

И на дебелоклуната рибарка се однесува Договорот за заштита на африканско-евроазиските миграторни водни птици.

Поведение уреди

 
Вон сезона на парење во Индија.
 
Младенче/ прва зима во Индија.

Овој вид се размножува во колонии крај езера, бари или крајбрежја. Гнездото го сместува на земја, во плитка дупка и снесува 2-5 јајца. Додека во Европа овој вид е најчесто во близина на слатките води, во Америка е на крајбрежјата од океаните.[1]

Птицата не е типична рибарка. Таа според изгледот личи на видовите од родот Sterna, а според начинот на исхрана на Chlidonias, односно на црната рибарка и белокрилата рибарка. Порано беше сместена во родот Sterna, но сега е монотипична во својот род Gelochelidon.

Дебелоклуната рибарка не се нурнува во лов по риби како останатите рибарки и има поширока исхрана од нив. Често се храни со инсекти кои ги лови во лет и неретко прелетува врз влажни полиња, па дури и нерамни предели каде лови водоземци и мали цицачи, како и мали птици и пилиња, а и јајца од други рибарки.[1] Таа е опортунист во исхраната, и е забележана како се храни со мртви водни коњчиња по патиштата.[4]

Галерија уреди

Дебелоклуна рибарка во Австралија

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 [1] (2011).
  2. [2] (2011).
  3. CRC Handbook of Avian Body Masses by John B. Dunning Jr. (Editor). CRC Press (1992), ISBN 978-0-8493-4258-5.
  4. S., Sivakumar (2004). „Gullbilled Tern Gelochelidon nilotica (Gmelin, 1789) feeding on insect road kills“. Newsletter for Ornithologists. 1 (1–2): 18–19.

Надворешни врски уреди