Дарвинова награда

награда за најглупавата самопредизвикана смрт

Дарвинова награда (англиски: Darwin Awards) — шеговита награда создадена од Венди Норткат како признание за лицата што придонесуваат за човековата еволуција со тоа што самите се исфрлаат од генетскиот фонд ставајќи се беспотребно во ситуации опасни по живот. Овие почести се претставени во едиција од книги со придружен портал www.DarwinAwards.com (стилизиран како www.đar̆winĀwar̆ḍs.ćōm). Во делот „Правила“ се вели:

Дарвинова награда
Darwin Awards
Вид место
шеговит
Достапно наанглиски
СопственикВенди Нортхат
Адресаdarwinawards.com
Место на Алекса137.718[1]
Комерцијалнода
Карикатура на Чарлс Дарвин како мајмун, објавена во сатиричниот магазин The Hornet во 1871 година
Во духот на Чарлс Дарвин, Дарвиновите награди ги овековечуваат лицата што ни го штитат генетскиот фонд со тоа што си ги жртвуваат сопствените животи. Добитниците на наградата се елиминираат себеси на неверојатно имбецилен начин, така подобрувајќи ги изгледите за долгорочен опстанок на нашиот вид.

Ненамерната самостерилизација исто така влегува во конкуренција, но, според порталот: „По сила на нештата, наградата обично се доделува посмртно“. Меѓутоа лицето се исклучува од конкуренција доколку поради него животот го изгубат и „недолжни минувачи“ што веројатно имаат позитивен удел во генетскиот фонд.

Во книгите се вели дека се прават усилби за исклучување на познати урбани легенди, но некои постари добитници се водат по старите правила за да си ги задржат наградите. Порталот[2] секогаш се труди да ги провери сите раскажани случки што ги добива, но многу слични портали, како и највеќето приказни што се препраќаат по е-пошта се претежно измислени.[3]

Историја уреди

Наградите кружат по мрежите на Usenet уште од 1985 г. Во архивската граѓа на Usenet, Дарвиновата награда за првпат се споменува на 7 август 1985 во контекст на случката со наслов Vending Machine Tipover („Превртување на продажен автомат“)[4] и 7 декември 1990 како JATO Rocket Car (урбаната легенда за ракетниот автомобил JATO)[5]. Легендата за автомобилот добила широка циркулација по е-пошта во периодот од 1995–97 г.

Правила уреди

Конкурентите за наградата мора да исполнат пет услови:

Неможност за пород уреди

  • Кандидатот мора да е мртов или да завршил стерилен.
Ова понекогаш е спорно. Некои лица може да се вон генетскиот фонд поради старост, а други може веќе да имаат деца. За да се избегнат понатамошни приговори заради можноста за вонтелесно оплодување, вештачко оплодување или клонирање, во првата книга се вели дека конкурентот треба да помине на „тестот на пуст остров“: Лицето се смета за стерилно доколку не може да направи пород ако е заглавено на пуст остров со плодно лице од спротивниот пол. Добитниците или треба да се починати, или да не можат да ги користат половите органи.

Извонредност уреди

  • Запрепастувачки лекоумно расудување.
Глупоста на конкурентот мора да биде од досега невиден тип и да биде сензационална, веројатно бидејќи наградената случка сепак треба да е смешна. Тука не се вбројуваат низа глупави но сепак чести активности како што е пушењето во кревет.[6] За разлика од ова, подобна ситуација е онаа како во случајот со човекот што се запалил пушејќи цигара откако во болница го намачкале со маст која била запалива и изречно му рекле да не пуши.[7] Во оваа категорија влегува и едно „почесна“ случка (човекот што се обидел да се самоубие земајќи нитроглицерински таблети, а потоа пробал да ги детонира трескајќи се во ѕид со затрчување), која е заведена иако е намерна и самонанесена (што инаку е основа за дисквалификација).[8]

Самонанесување уреди

  • Лицето мора самото да е одговорно за несреќата.
Ако некој убие другар со граната, чинот не му дава право на конкуренција за наградата. Случката ќе биде конкурентна доколку лицето самото се убие при изработка на направа за чистење на оџаци од граната.[9] За да се додели Дарвинова награда, жртвата мора да биде конкурентот, а не некое друго лице.

Зрелост уреди

  • Способност за здраво размислување.
Лицето мора да биде барем на возраст за да има возачка дозвола и да не биде умствено заостанато. Покрај ова, во некои случаи лицето може да биде и нешто помладо, но тогаш неговите врсници мора да сметаат дека постапката на лицето била вонразумска.

Веродостојност уреди

  • Случката мора да се потврди.
Случката мора да биде документирана од меродавни извори: доверливи статии во весници, потврдени ТВ репортажи или разумни очевидци. Оние за кои ќе се утврди дека се вистинити се исфрлаат од конкуренција, но особено смешните измислени случки се ставаат во одделот за урбани легенди. Многу вакви измислени случки се заведени на порталот во одделот „Лични прераскажувања“ (Personal Accounts).

Како неформализирани правила важат и следниве услови: лицето не смее да загрози недолжни минувачи, а случката мора да е предизвикана без свесна намера (за да се спречат оние што се спремни да си нанесат повреди само за да се прослават).

Примери уреди

Еве некои примери за добитници на Дарвиновата награда:

  • Жонглирање со активни гранати (Хрватска, 2001)[10]
  • Оставање на запалена цигара во склад полн со експлозиви (Филипини, 1999)
  • Три палестински терористи не сакајќи се дигнале во воздух бидејќи бомбите што сакале да ги постават во Израел биле наместени на палестинско летно време (еден час понапред) (Израел, 1999)[11]
  • Снимателот што скокнал од авион со намера да снима падобранци, заборавајќи дека самиот нема падобран (САД, 1987)[12]
  • Ѕиркање со запалка во цевка на наполнета пушка со предно полнење (САД, 1996)[13]
  • Проверување дали резервоарот е празен со запалка (Бразил, 2003)[14]
  • Обид за играње на руски рулет со полуавтоматски пиштол, незнаејќи дека следниот куршум се полни самиот (САД, 2000)[15]
  • Обид за играње на руски рулет со неексплодирана нагазна мина[16]
  • Адвокатот што прелетал преку прозорското стакло и паднал долу мртов сакајќи да докаже дека стаклото не може да се скрши[17]

Порталот наведува и „почесни“ случаи, каде лицата ги преживеале незгодите без притоа да ја изгубат можноста за пород. Ваков пример е Лери Волтерс, кој приврзал хелиумски метеоролошки балон за балконска лежалка и одлетал далеку над градот Лонг Бич во јули 1982. Летајќи достигнал височина од 4.900 м, поради што подоцна морал да плати казна за навлегување во контролиран воздушен простор. Друг почесен случај се двајцата што во 2001 се обиделе да му ја обијат куќата на фудбалерот-насилник Данкан Фергусон (кој бил четири пати осудуван за извршен напад и одлежал шестмесечна затворска казна). Кога ги забележал фудбалерот, едниот од крадците завршил на тридневна хоспитализација.[18]

Посебни победници уреди

Секоја година се избира по еден добитник што се прогласува за „најславен“ од сите. Во 2007, оваа чест ја имал човекот што починал од алкохолно труење откако побарал анално да му вбризгаат две 1,5-литарски шишиња шери.[19][20]

Во популарната култура уреди

Филмот „Дарвинови награди“ што се заснова на наградата.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Statistics Summary for darwinawards.com“. Alexa Internet. Архивирано од изворникот на 2021-03-08. Посетено на May 1, 2013.
  2. Дарвинови награди - Венди Норткат (англиски)
  3. Расправа за Дарвиновата награда на snopes.com (англиски)
  4. Vending machine tipover
  5. Ракетниот автомобил JATO
  6. Одделот „Правила“ вели: „Следниве не се за Дарвинова награда (но сепак се опасни):
    • Буткање по електрични жици
    • Пушење во кислороден шатор
    • Да те прегази воз или автомобил
    • Спрејови во рерна
    • Прекачување во кафези во зоолошка
    • Паѓање во провалија при позирање или мочање
    • Труење со јаглерод диоксид
    • Највеќето автоеротски смртни случаи
    • сите тие се премногу чести!“. Проверено на 19 август 2009
  7. Догорен (англиски)
  8. Феноменална - 2001 At-Risk Survivor
  9. „Дарвинова награда за 2005: Граната за чистење оџаци“. Дарвинови награди. 2005. Посетено на 28 јули 2010. (англиски)
  10. Жонглирање со гранати
  11. Живот по „ционистичко време“
  12. Падобранство без бадобран
  13. Поглед во цевка од пушка
  14. Работа во автоперална
  15. Обука за безбедност при ракување со оружје
  16. [1]
  17. Воздухопловен адвокат
  18. http://darwinawards.com/stupid/stupid2001-04.html
  19. Дан, Ијан (11 јануари 2008). „Прогласен добитникот на Дарвиновата награда за 2007 г.“. QI.com. Архивирано од изворникот на 2008-03-17. Посетено на 10 јуни 2008. (англиски)
  20. Норткат, Венди (11 јануари 2008). „Дарвинови награди - јануари 2008“. Дарвинови награди. Посетено на 11 јуни 2008. (англиски)

Библиографија уреди

  • Wendy Northcutt, The Darwin Awards: Evolution in Action, Dutton Adult, 19 октомври 2000. ISBN 0-525-94572-5
  • Wendy Northcutt, The Darwin Awards II: Unnatural Selection Dutton Adult, 29 октомври 2001. ISBN 0-525-94623-3
  • Wendy Northcutt, The Darwin Awards III: Survival of the Fittest, Dutton Adult, 9 октомври 2003. ISBN 0-525-94773-6
  • Wendy Northcutt, The Darwin Awards IV: Intelligent Design, Dutton Adult, 24 октомври 2006. ISBN 0-525-94960-7
  • Wendy Northcutt, The Darwin Awards: Next Evolution, Dutton Adult, 30 октомври 2008. ISBN 0-525-95085-0
  • Wendy Northcutt, The Darwin Awards: Countdown to Extinction, Dutton Adult, октомври 2010. ISBN 978-0-525-95191-9

Надворешни врски уреди