Дамаст или дамаск е шарена ткаенина направена од свила, волна, лен, памук или синтетика каде шарата се прави со ткаење. Се прави со едно искривување и еден јаток наизменично. Понекогаш се користат дијагонални и други врзивни нишки. Поимот првобитно се однесувал на орнаментални свилени штофови, кои биле преплетени во сложени шари на кои понекогаш им се придодавале златни и други метални конци. Денес дамастот се прави од свила, лен или штофови од типот на лен, ткаени со цветни, овошни, животински или други орнаментални дезени.

Кревет со постелнина од дамаст
Тапет од дамаст

Дамастот за првпат почнал да се изработува во Кина, Индија, Персија и Сирија, а потоа и во Византија. Денешното име оваа ткаенина го добила во XII век по градот Дамаск кој произведувал најдобри ткаенини.

Денес дамаст направен од лен, памук или синтетика се користи за чаршафи за маса или постелнини. Најквалитетниот дамаст се прави од фино ленено предиво кои иако е кафено за време на изработката, на крајот станува сосема бело. Шарите се добиваат со нормално поставување на долги конци, кои ја одбиваат светлината различно, зависно од аголот на сонцето; ефектот исто така се менува со менување на положбата на посматрачот. Потиснати ефекти се добиваат со пократко предиво или со специјално ткаење. Овие методи се способни да илустрираат која било тематика доколку цената на чинење не е проблем. Најфини резултати се добиваат со користење на т.н. предиво „двоен дамаст“.