Далас маверикс (англиски: Dallas Mavericks) се професионален американски кошаркарски тим од градот Далас. Членови се на Југозападната дивизија од Западната конференција на НБА лигата. Основани се во 1980 година, и досега имаат освоено три дивизиски титули (1987, 2007 и 2010), една конференциска во 2006 и еден шампионски прстен во 2011 година. Според пресметките на списанието Форбс, објавени 2013 година, тие се петтиот најскап тим во НБА и нивната вредност се проценува на 685 милиони долари.[1]

Далас маверикс
Далас маверикс лого
КонференцијаЗападна
ДивизијаЈугозападна
Основан1980
ИсторијаДалас Маверикс
(1980-денес)
АренаАмерикан Ерлајнс Центар
ГрадДалас, Тексас
Бои на екипата                   
СопственикМарк Кјубан
Генерелен мен.Нико Херисон
ТренерЏејсон Кид
Титули
1

НБА шампиони: 1

2011

Конференциски шампиони: 2

2006, 2011

Дивизиски шампиони: 3

1987, 2007, 2010
Повлечени броеви12, 15, 22
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Association jersey
Team colours
Association
Icon jersey
Team colours
Icon
Statement jersey
Team colours
Statement
City jersey
Team colours
City
Classic jersey
Team colours
Classic
Далас Маверикс сезона 2020-2021

Раните почетоци (1980 — 1983) уреди

Во 1980 г. двајцата американски стопанственици од Далас Дон Картер и Норм Сонџу добиле дозвола од НБА лигата за основање нов кошаркарски тим. Тие платиле 12 милиони долари за влез во НБА лигата. Во нивното деби во најсилната кошаркарска лига го победија тимот на Сан Антонио Спарс со 103-92. И покрај солидниот почеток, тие сезоната ја завршија со скор од само 15 победи и 67 порази. Во текот на сезоната беше доведен Бред Дејвис, кој помина 12 сезони со Мавси и неговиот дрес со број 15 е повлечен.

На НБА Драфтот во 1981 г. Маверикс како прв пик го избраа Марк Агвајер, како деветти пик го селектираа Роландо Блекмен, а како 24 пик Џеј Винсент. Со новите засилувања следната сезона скорот гласеше 28-54, додека во сезоната 1982-1983 имаа десет победи повеќе и им недостасуваа 7 победи за да учествуваат во плејофот.

Патот кон успех (1984 — 1990) уреди

Во четвртата година од нивното основање тие за првпат ја почувствуаа возбудата која ги носи плејоф натпреварите. Сезоната ја завршија со резултат од 43-39, а Марк Агвајер беше втор најдобар стрелец во лигата со просек од 29,5 бода. Во првиот круг од разигрувањето го совладаа тимот на Сиетл Суперсоникс со 3-2, додека во второто коло беа елиминирани од подоцнежните шампиони Лос Анџелес Лејкерс.

Во сезоната 1984-1985 повторно се пласираа во плејофот, но беа поразени од Портланд Трејблејзерс уште во првото коло. Релативно солиден скор бележат во следната сезоната од 55-27, но нивните надежи беа потопени во првиот круг од плејофот. Предводени од играчи како Марк Агвајер, Бред Дејвис, Роландо Блекмен, Дерек Харпер и Сем Перкинс остварија скор од 53-29 во 1987-1988. Лесно стигнаа до конференциско финале каде загубија од Лос Анџелес Лејкерс во седум натпревари, што претставуваше најголем нивен успех дотогаш.

Мрачната доба (1991 — 2000) уреди

Деведесттите години од минатиот век се познати како мрачна доба за Далас Маверикс бидејќи не успеаја да се пласираат во плејофот од 1991 до 2000 г. Играчите беа на удар во медиумите поради многубројните афери со користење дрога, што се рефлектираше и на теренот. Сезоната 1992-1993 ја завршија со катастрофални 11 победи и дури 71 пораз. Наредната не беа ништо подобри и финишираа со 13-69. Единствена светла точка во тимот беше Џејсон Кид, кој беше руки на годината заедно со Грент Хил.

Ерата на Дирк Новицки и Марк Кјубан (2000—) уреди

 
Дирк Новицки — лицето на франшизата

Во 2000 г. тимот беше купен од страна на Марк Кјубан за 285 милиони долари, што значеше нов почеток за оваа франшиза. Оваа година беше формирана и Големата тројка која ја сочинуваа Дирк Новицки, Стив Неш и Мајкл Финли, која под водство на Дон Нелсон се врати во плејпфот во 2001 г. Во 2003 тие стигнаа до конференциско финале каде беа поразени од нивните најголеми соперници Сан Антонио Спарс.

Големата тројка беше растурена во 2004 г. кога Стив Неш замина во тимот на Феникс Санс, откако менаџментот на тимот се реши да не ја изедначи нивната понудата. Една година подоцна Мајкл Финли ги следеше неговите стапки и го замени дресот на Мавси со оној на Сан Антонио Спарс. На нивно место беа доведени Џејсон Тери, Џери Стакхаус и Девин Харис и со Новицки како старо-нов водач, Далас имаше уште позабележителни плејоф кампањи.

Во пролетта 2005, сезоната кога Стив Неш замина во Аризона, Феникс Санс и Далас Маверикс се сретнаа во втората рунда од плејофот каде Санси ги поразија Маверикс со 4-2 во серијата. Следната година беше најуспешната за Далас во неговата кратка историја. Регуларниот дел од сезоната 2005-2006 го заокружија со 60 победи и 22 порази. Во првото плејоф коло ги прегазија Мемфис Гризлис со убедливи 4-0. Втората рунда понуди нов двобој со најлутите соперници Сан Антонио Спарс. Поради големата среќа и одличната партија на Дирк Новицки, Далас го доби седмиот меч и ја заокружи серијата со 4-3 за да влезе во малото финале. Во конференциското финале се сратнаа со старите познаници Феникс Санс и нивниот најдобар играч Стив Неш. Мавси им вратија со иста мера за минатогодишниот неуспех и ги добија со 4-2.

НБА-финале (2006) уреди

Во 2006 г. Далас Маверикс за противник во финалето налетаа на тимот на Мајами Хит. По првите два натпревари на домашен паркет имаа водство од 2-0. Во неизвесна завршница го загубија третиот меч, откако Новицки го промаши последното слободно фрлање, за да во следниот напад Гери Пејтон погоди за победа. На многу контроверзен начин го загубија и петтиот натправар, кога Џош Хауард од непознати причини повика тајм-аут по првото слободно фрлање на Вејд. Вејд го погоди второто фрлање со помалку од 1 секунда за напад на Далас и со неможност Мавси да го почнат нападот од противничката половина. Далас го беа поразени и на шестиот натпревар, што значеше крај на нивните надежи за шампионскиот прстен. МВП на финалето беше Двејн Вејд.[2]

Вториот обид за титула (2007) уреди

Сезоната 2006-2007 Далас Маверикс ја стартуваа со големи очекувања, поткрепени со убедливо најдобриот скор во регуларниот дел од 67 победи и само 15 порази. Дирк Новицки беше прогласен за НБА Најкорисен играч на сезоната, а Далас за противник во првиот круг го добија осмопласираниот тим на Голден Стејт Вориорс. Иако беа огромни фаворити, сепак се покажа дека Вориорси се непремостлива пречка и ја загубија серијата со 4-2. Причините за неуспехот беа слабото издание на Новицки, како и неискуството на помладите играчи како Девин Харис. Овој пораз значеше дека франшизата ќе треба да го реконструира тимот за да го донесе првиот шампионски трофеј во клупските витрини.

Враќањето на Џејсон Кид (2008) уреди

 
Кид на натпреварот со Вулфси

По непријатното изненадување минатата година, Мавси сезоната 2007-2008 ја завршија со 51-31. Раководството на клубот направи блокбастер трејд со тимот на Њу Џерси Нетс, доведувајќи го повратникот Џејсон Кид, Ентоан Рајт и Малик Ален, додека во спротивен правец се упатија Девин Харис, ДеСагана Диоп, Кејт ван Хорн, Трентон Хасел и два избори од првата рунда на драфтот во 2008 и 2010.[3] Овој потег се покажа недоволен за успех, бидејќи Далас беше елиминиран во првото плејоф коло од Њу Орлеанс Хорнетс со 4-1. Тимот беше потресен кога дозна дека Џош Хауард користел марихуана за време на серијата. По овој расплет на настаните на Ејвори Џонсон му беше даден отказ, а на тренерското место дојде Рик Карлајл. Повторната елиминација во првиот круг значеше дека тимот ќе треба да помине низ тешкиот процес на реорганизација и менување на играчкиот кадар.

Обиди за враќање на шампионските патеки (2008 — 2010) уреди

2008-2009 беше прва сезона за новиот тренер Рик Карлајл и воедно сезона за што подобро претставување во плејофот. Регуларниот дел беше завршен со 50-32 и за противник во првото коло Далас го добија стариот познаник Сан Антонио Спарс. Лесно го минаа со 4-1, но беа немоќни против Денвер Нагетс и беа поразени со 4-1. Оваа сезона беше објавено дека градот Далас ќе биде домаќин на Ол-старот во 2010 г.[4]

Во летото 2009 год, Марк Кјубан направи длабок рез на екипата. Доведен беше Шон Мерион на местото на Џери Стакхаус, а како второ засилување го потпиша Дру Гуден. Во текот на сезоната 2009-2010 тимот се покажа во светло издание, остварувајќи го вториот најдобат резултат на Западот 55-27, позади шампионите Лос Анџелес Лејкерс. Тоа беше 10 последователна сезона во која оваа франшиза постигна скор од 50 или повеќе победи. Во февруари 2010 беа доведени Карон Батлер, Брендон Хејвуд и ДеШон Стивенсон од Вашингтон Визардс во замена за недисциплираниот Џош Хауард, Дру Гуден, Квинтон Рос и Џејмс Синглтон. Овој месец беше организиран и Ол-старот кој го посетија 108 713 гледачи, рекордна посетеност за еден кошаркарски меч. По третпат во последните 4 сезони беа елиминирани во првиот круг од разигрувањето од Сан Антонио Спарс со 4-2.

По крајот на сезоната беше Кјубан објави дека Карлајл ќе ја задржи работата. Тајсон Чендлер го зазема местото на Ерик Дампиер во тимот кој и оваа сезона ќе се обиде да стигне до големото финале. За време на тековната сезона, ростерот претрпе мали измени. Тимот го напуштија Стив Новак и Алексис Ајинка, додека единственото засилување беше Пеџа Стојаковиќ, кој дојде како слободен агент.[5] Нешто подоцна на тимот му се приклучи и Кори Бруер, кој потпиша тригодишен договор со тимот вреден 8 милиони долари.[6]

Шампионската кампања (2010 — 2011) уреди

 
Официјалното лога на НБА финалето 2011

По долги години мавси за првпат во својата куса историја го подигнаа шампионскиот пехар. Уште во првата рунда од разигрувањето се сретна со шестопласираниот тим на Портланд Треј Блејзерс и го елиминираа со вкупни 4-2. Далас ја отвори серијата со две почетни победи, но тимот на блејзерси ги доби следните две на домашен паркет. Посебно возбудлив беше четвртиот натпревар во кој Маверикс пропуштија водство од 23 бода на 13 минути до крајот на средбата и го загубија натпреварот со 84-82. Таа вечер беше одбележана од неверојатната партија на Брендон Рој, кој оствари 12 бода во последната четвртина. Следните две меѓусебни одмерувања на силите имаа сосема поинаков тек и Далас ја заокружи серијата во шест натпревари.

Веќе во втората рунда од плејофот налетаа на минатогодишнот шампион Лос Анџелес Лејкерс и успеаја да го елиминираат со 4-0. Првите две соочувања на жешкиот гостински терен ги добија мавси со тесна разлика. Третиот натпревар повторно заврши во корист на Далас во една трилер завршница со 98-92. Во четвртиот меѓусебен судир беше уништен сонот на Лејкерси за трета последователна титула бидејќи беа демолирани со 36 бода разлика, во меч каде Џејсон Тери постигна 9 од вкупните 11 тројки на домашниот тим со што поставија нов рекорд во НБА плејофот.

Во конференциското финале се сретнаа со тимот на Оклахома Сити Тандер кој го елеминираа со 4-1. Првиот натпревар мина во знакот на Дирк Новицки кој во победата придонесе со 48 бода, а воедно и го сруши рекордот на Пол Пирс за најмногу погодени слободни фрлања без промашување со 26. Изненадувачки, вториот меч го доби младиот тим на тандерси во гости, но не успеаја да го сочуваат брејкот бидејќи загубија со 93-87 во третото соочување. Во четвртото меѓусебно соочување, екипата на Далас Маверикс чудесно успеа да ја надомести негативата од 15 бода на пет минути до крајот на средбата и да ја добие со 112-105 по едно продолжение, најмногу благодарејќи на 40 бода на Дирк Новицки. Во петтиот натпревар Далас ја заврши работата добивајќи го со 100-96.

Големото финале беше реприза на она од 2006, бидејќи го добија тимот на Мајами Хит. Оваа финале за Далас беше исклучително тешко бидејќи требаше да се бранат од големото трио на Мајами Хит (Вејд, Џејмс и Бош). Во првиот натрепевар поведе Мајами но во вториот на домашен терен екипата на Мајами беше поразена во самиот финиш и најзаслужен за тоа беше Новицки кој постигна 5 бода во последни 24 секунди и го реши натреварот кој заврши 95-93 во полза на Далас. Во третиот натпревар Мајами успеа со последните сили да го победи Далас со 2 бода разлика односно 88-86 во нивна полза. Во четвртиот натревар Далас не се предаде и го доби наптреварот со 3 позитива 83-86. Веќе во петтиот натревар играчите на Далас им вратија на Мајами за првиот пораз и победија со +9, 103 - 112 за Далас. Во шестиот финален натрепревар одигран во Мајами, мавси го добија финалето со 105-95 со што станаа победници во плејоф завршницата. За најкорисен играч беше прогласен Германецот, а воедно и водачот на Мавси Дирк Новицки.

Домашни арени уреди

  • Реунион арена (1980 — 2001)
  • Моди колосеум (1984 плејоф, натпревар 5)
  • Американ ерлајнс центар (2001—)

Играчи уреди

Име Години Држава Височина Позиција
Давис Бертанс 29   Латвија 2.08м Крилен Центар
Стерлинг Браун 27   САД 1.96м бек/крило
Џејлен Брансон 25   САД 1.85м плејмејкер/бек
Реџи Булок 30   САД 1.98м крило/бек
Треј Бурк 29   САД 1.83м плејмејкер
Маркис Крис 24   САД 2.06м Крилен Центар
Спенсен Динвиди 28   САД 1.98м плејмејкер/бек
Лука Дончиќ 22   Словенија 2.01м плејмејкер/крило
Дориан Фини-Смит 28   САД 2.01м крило/Крилен Центар
Џош Грин 21   Австралија 1.96м бек
Тим Хардавеј 29   САД 1.96м крило/бек
Махи Клебер 30   Германија 2.08м Крилен Центар
Бобан Марјановиќ 33   Србија 2.21м Центар
Франк Ниликина 23   Франција 1.93м плејмејкер
Тео Пинсон 26   САД 1.96м бек/крило
Двајт Павел 30   Канада 2.08м Крилен Центар/Центар

Олстар-играчи во дресот на Далас уреди

  • Дирк Новицки — 10 пати (2002 — 2011)
  • Роландо Блекмен — 4 пати (1985-1987 и 1990)
  • Марк Агваер — 3 пати (1984, 1987, 1988)
  • Мајкл Финли — 2 пати (2000 и 2001)
  • Стив Неш — 2 пати (2002 и 2003)
  • Џејсон Кид — 2 пати (1996 и 2010)
  • Крис Гетлинг —1997
  • Џејмс Доналдсон — 1988
  • Џош Хауард — 2007

Повлечени броеви уреди

  • 15 Бред Дејвис, бек, 1980 — 1992
  • 22 Роландо Блекмен, бек, 1981 — 1992

Наводи уреди

  1. Badenhausen, Kurt; Ozanian, Michael K.; Settimi, Christina. „Форбс: Најскапи НБА тимови“.
  2. НБА Финале 2006
  3. ЕСПН: Кид трејдуван во Далас
  4. Градот Далас ќе биде домаќин на Ол-старот 2010
  5. Стојаковиќ и Далас се договорија
  6. „Маверикси го потпишаа крилото Бруер“. 2011-03-03. Посетено на 2011-03-03.

Надворешни врски уреди