Дагоберт II, или Св. Дагоберт, (роден околу 652, починат на 23 декември 679 во Музе) е син на франкискиот крал, Сигеберт III и веројатно на Химнехилда[1] или Имнихилда[2]. Тој владеел со кралството на Австразија.

Дагоберт III
Крал на Франките од Австразија
Кована монета на Дагоберт II
На престол676-679
ПретходникХлодовик III
НаследникТеодорих III (Обединување на сите кралства на Франките)
ДинастијаМеровинзи
ТаткоСигеберт III
МајкаХимнехилда ?

Животопис уреди

Прогон и лишување од престолот уреди

Во 656, Сигеберт III е убиен на барање на мајордомот Гримоалд. Хилдеберт кој можеби му бил син на Сигеберт III посвоен од страна на Гримоалд или пак син на Гримоалд посвоен од страна на Сигеберт III ја добил поддршката на мајордомот.

Гримоалд впрочем го ошишал младиот Дагоберт што пак го лишувало од неговите права за кралско наследство и го испратил во прогон. Владиката Дидон од Поатје го однел Дагоберт во некој манастир во Ирска. Гримоалд тогаш ја раширил веста дека Дагоберт е мртов а со тоа Хилдеберт можел слободно да дојде на престолот и да владее со Австразија од 656 до 662.

Приказната дека Дагоберт требал да биде убиен и да се објави за неговата смрт и дека наместо тоа тој бил протеран од земјата се чини дека е направена за да го објасни молчењето на мајката на Дагоберт, Химнехилда, додека нејзиното дете го лишувале од престолот. Таа можеби соработувала со Гримоалд кога овој сакал на престолот да го постави Хилдеберт Посвоениот; подоцна таа се надевала дека ќе ја омажи својата ќерка Билихилда за Хилдерик II за евентуалниот австразиски наследник да биде од нејзината лоза.[3] Постои исто така и претпоставка дека Химнехилда не била мајка на Дагоберт, па затоа и го напуштила.

Враќање во кралството уреди

Дагоберт се вратил во 674 за да си го бара назад кралството на Австразија, но ги добил само регионите близу до Рона каде почнал да владее од 676, после убиството на неговиот братучед, кралот Хилдерик II во Лоњската шума во 675.

Дагоберт II на својот мајордом Пипин Хересталски му го одзел правото да управува со палатата. Тој се противел на желбата за независност што ја имале благородниците и на експанзијата на римската црква. Меровиншката престолнина била утврдена во Стенај.

Убиството на кралот уреди

Оваа политика поттикнала завера против кралот од страна на мајордомот Пипин Хересталски (или според некои историчари, од страна на мајордомот на палатата на Неустрија, Еброин). На 23 декември 679, во тек на една партија лов во шумата Вевр (близу Стенај), кралот бил убиен.

Дагоберт II е закопан во базиликата Св. Реми од Стенај. На 10 септември 872, кралот Карло II Ќелавиот го пронашол неговиот гроб, и го пренел неговото тело во Дузи каде Дагоберт мистериозно бил канонизиран од синод на владици, под името Свети Дагоберт. Карло II во Стенај изградил базилика за тука да ги чува моштите на светецот, зачувани во сандак од сребро и злато; еден дел од ваквите реликвии бил доделен на опатијата во Живињи. Патронат на светецот во римокатоличката црква се прославува на 23 декември.

Рен-ле-Шато уреди

Името на Дагоберт II станало познато во 20 век, кога било поврзано со една шпекулација која сакала Дагоберт II и неговите наводни наследници да го поврзе со тајната меровиншка лоза на вистински наследници кои неправедно биле симнувани од престолот од страна на каролинзите и Капетите сè до ден денешен.[4] Централната легенда е пов рзана со француското село Рен-ле-Шато. Некоио луѓе предводени од Пјер Плантар, фалсификувале документи за да фабрикуваат доказ за постоење на наводно илјадагодишно постоење на некакво тајно друштво Сионски приорат. Едните документи, Тајните списи, биле подметнати во Националната библиотека. Другите биле објавени во шеесеттите години - Проколнатото богатство од Рен-ле-Шато’’. Во книгата имало (фалсификувани) латински документи кои наводно биле најдени од некој свештеник во 19 век. Шифрирана порака сокриена во еден од латинските документи ја откривала реченицата, "На Дагоберт II крал и на Сион е ова богатство и тој тука е починат."

Хенри Линколн, британски автор на научна фантастика ја забележал шифрираната порака во 1967, и несвесен а измамата, заедно со некои негови соработници почнал да пишува книга за тоа што може да значи оваа порака. Приказната зела силен одзив во 1982 со книгата Светата крв и светиот грал. Книгата развива хипотеза дека Исус Христос се оженил со марија Магдалена и имал дете кое подоцна се венчало во меровиншката лоза.

Подоцна е покажано дека поголемиот дел од истражувањата во Светата крв светиот грал се заснова на фалсификувани документи.[5][6][7][8] Сепак, теоријата добила понатамошно внимание кога истата е разработена во бестселерот од 2003 Кодот на Да Винчи од авторот Ден Браун.

Белешки уреди

  1. Alain Decaux et André Castelot, Dictionnaire illustré de l'histoire de France. Editions Perrin.
  2. Maurice Bouvier-Ajam, Dagobert Roi des Francs. « Figures de proue », éditions Tallandier, 2000, page 410.
  3. „Merovingian“.
  4. Gérard de Sède, L’Or de Rennes, later republished as Le Trèsor Maudit de Rennes-le-Château (1967).
  5. The History of a Mystery, BBC 2 Television, transmitted on 17 September 1996
  6. The Real Da Vinci Code, Channel Four Television, presented by Tony Robinson, transmitted on 3 February 2005
  7. Bill Putnam, John Edwin Wood. The Treasure of Rennes-le-Chateau, A Mystery Solved (Sutton Publishing Limited, Gloucestershire GL5 2BU, England, 2003.)
  8. Jean-Luc Chaumeil, Rennes-le-Château – Gisors – Le Testament du Prieuré de Sion (Le Crépuscule d’une Ténébreuse Affaire), Editions Pégase, 2006

Наводи уреди

Понатамошни четива уреди

  • Wallace-Hadrill, J.M. 1962. The Long-Haired Kings, and Other Studies in Frankish History, (London: Methuen & Co.)
  • Ian Wood, The Merovingian Kingdoms 450-751(Longman, 1993)
  • Nathalie Stalmans, La Conjuration des Fainéants, Terre de brume, 2008, ISBN 978-2-84362-389-9.
Дагоберт II
Роден(а): 650 Починал(а): 679
Претходник
Хлодовик III
Крал на Австразија
676–679
Наследник
Теодорих III