Григориј Грабовој

Григориј Грабовој (руски: Григо́рий Петро́вич Грабово́й, роден на 14 ноември 1963) е автор на „Доктрина на универзалното спасение и хармоничен развој“, основач на партијата ДРУГГ и човек кој себеси се смета дека е новиот Исус Христос.

Григориј Грабовој
Роден(а)14 ноември 1963
Казахстан
НационалностРусин,

Григориј Грабовој е роден во јужен Казахстан. Во Ташкент, главниот град на Узбекистан, завршил Технички факултет во 1986 година и по струка е инженер. Десет години подоцна во Московската област завршил и медицинска школа и добил титула фељдшер, односно медицински брат. Тоа минимално медицинско знаење му било потребно за да може полесно да ги манипулира луѓето, работејќи како екстрасенс. Во периодот на процутот на измамите во Русија, кога се отворале разни академии, кои продавале дипломи, Григориј Грабовој станал член на академијата на природни науки. Потоа добил диплома од уште неколку други академии. Сите академии немале никаква врска со Руска академија на науки. Грабовој дури успеал да докторира, а неговата дисертација била под наслов "Начин за спречување катастрофи°.

Тој станал познат по големата трагедија на училиштето во Беслан во Северна Осетија. Грабовој им ветувал на несреќните родители дека ќе ги воскресне нивните деца кои загинале во училишната зграда заземена од чеченски терористи. Веднаш реагирале новинарите на најтиражните руски весници, објаснувајќи дека станува збор за лага. Меѓутоа, многу ожалостени и психички скршени родители поверувале во приказната на Григориј Грабовој.

Григориј Грабовој тврдел дека и тој како Исус бил безгрешно зачнат и дека од Ватикан добил докази тешки 4,5 тони. Григориј Грабовој зборувал на оние што сакале да го слушаат дека целта на неговото учење е "спас и хармоничен развој на светот°. За да ги увери луѓето дека навистина е нов месија, Григориј зборувал дека досега главна задача му била да спречи глобална, односно светска катастрофа, и истато го извршувал целосно бесплатно.

Григориј земал пари од оние што доаѓале на неговите предавања, а најамбициозните кои сакале поединечна обука плаќале по 1.500 евра. Освен ова, тој продавал книги и свои видеокасети. На Григориј навистина искрено му поверувале некои мајки од Беслан. Меѓу нив била и Сузана Дудиева, раководителка на комитетот "Мајките од Беслан°. Дудиева поверувала во тврдењата дека "современата технологија може да ги оживее мртвите°. По средбата со Владимир Путин во Кремљ, десетина несреќни мајки од Беслан отишле на разговор кај Григориј.

На 7 Јули 2008 во Москва Григориј Грабовој бил уапсен и осуден на 11 години затвор. Според судска пресуда, Григориј Грабовој барал по 40.000 руски рубљи за воскресението на мртвите деца.