Грбот на Самоа е официјалниот грб на оваа океанска држава. Грбот е поставен за официјален на 1 јуни 1962 година.

Грб на Самоа
Подробно
Усвоен1 јуни 1962
Држачимаслинови гранки
МотоI FA'AVAE LE ATUA SAMOA

Опис уреди

Централен елемент на грбот е темносин штит со бели рабови. Штитот е поделен на два дела, од кои едниот е син и има приказ на Јужниот Крст, а другиот е бел и има кокосова палма и зелено-бели бранови. Штитот е поставен на црвена решетка, а над него има црвеносин крст со црвени зраци. Околу штитот има венец од маслинови гранчиња. Под грбот има лента со националното мото на самоански I FA'AVAE LE ATUA SAMOA или на македонски „Господ е основач на Самоа“. Грбот е инспириран од амблемот на ООН. Јужниот Крст е симбол на јужната полутопка, палмата и морето ја претставуваат Самоа во Тихиот Океан, крстот го претставува христијанството во земјата. Венецот и решетката се преземени од амблемот на ООН.[1]

Историски грбови уреди

Наводи уреди

  1. Karl-Heinz Hesmer: Flags of the world. History and symbolism of the flag and coat of arms of all countries . Gütersloh: Bertelsmann Lexikon Verlag, 1992. ISBN 3-570-01082-1

Поврзано уреди