Грб на Отоманското Царство

Грб на Отоманското Царство — официјален симбол на Отоманското Царство. Поради својот исламски карактер, Отоманското Царство немал свој грб или хералдичка традиција. Наместо грб, секој султан на Отоманското Царство имал личен монограм или печат, кој се нарекувал тугра и служел како грб, по примерот на голем број на европски монарси.

Грб на Отоманското Царство
Подробно
ГрбоносецСултан Абдул Хамид II
Усвоен1882
ЧеленкаТугра
УпотребаОтоманска династија

Дури во XIX век, во времето на Танзиматот и обидите за модернизација на земјата, Отоманското Царство добил официјален грб. Конечната верзија на отоманскиот грб била одобрена од страна на султанот Абдул Хамид II на 17 април 1882 година.

Грбот на Отоманското Царство се состоел од три елементи: знамето на Анадолија и другите азиски држави,[1] кое е со црвена боја со бела полумесечина, знамето на Румелија[1] кое има зелена боја со три полумесечини, и најгоре се наоѓа златно сонце повторно со зелена полумесечина. Во него се наоѓа тургата на султанот.

Надворешни врски уреди

  1. 1,0 1,1 Sosyal Medyada Şeriat Bayrağı Diye Paylaşılan Bayrağın Aslında Rumeli'den Gelmesi (на турски)