Грб на Латвиската Советска Социјалистичка Република

Грбот на Латвиската Советска Социјалистичка Република е усвоен на 25 август 1940, од страна на владата на тогашната Латвиска ССР.

Грбот на Латвиската ССР.

Опис уреди

Грбот се темели на грбот на СССР. Прикажува симболи на земјоделието (пченица) и морепловството (Балтичко Море). На грбот се наоѓа и црвена ѕвезда и срп и чекан, симболи на комунизмот. Во склоп на грбот се наоѓа и мотото на СССР "Пролетери од сите земји, обединетете се!" напишан на латвиски и руски јазик. На дното на грбот се наоѓа натпис "Latvijas PSR".

Грбот бил на сила сè до 1990, кога бил заменет со денешниот грб на Латвија, изворно усвоен во 1916 година.

Поврзано уреди