Грб на Ел Салвадор

Грбот на Ел Салвадор е во употреба од 15 септември 1912 година. Во средината се наоѓа триаголник во кој се наоѓаат пет вулкани кои излегуваат од морето и кои ги претставуваат петте соединети држави на Средна Америка. Над вулканите има фригијанска капа, а погоре има виножито. Над грбот се наоѓаат пет знамиња на Федералната Република Средна Америка. Под грбот се наоѓа натписот "Dios, Unión, Libertad" (Бог, Единство, Слобода). Околу грбот се наоѓа натписот REPÚBLICA DE EL SALVADOR EN LA AMÉRICA CENTRAL.

Грб на Ел Салвадор
Подробно
ГрбоносецЕл Салвадор
Усвоен15 септември 1912
Држачиловоров венец
Мото„Dios, Union, Libertad“

Поврзано уреди