Готлоб Ернст Шулце

германски философ

Готлоб Ернст Шулце (герм. Gottlob Ernst Schulze, 23 август 176114 јануари 1833) е германски филозоф, претставник на скептицизмот. Роден е во месноста Хелдрунген (денес во Тирингија). Професорувал во Витенберг, Хелмштет и Гетинген.[1] Неговото највлијателно дело е „Енесидем“ (Aenesidemus), каде авторот преку скептична полемика се обидува да ги побие исказите во „Критика на чистиот разум“ од Имануел Кант и „Филозофија на елементите“ од Карл Леонхард Рајнхолд.

Можен портрет на Готлоб Ернст Шулце

Во Гетинген, Шулце станал ментор на идниот филозоф Артур Шопенхауер кого го посоветувал да се задржи на изучувањето на Платон и Кант. Овој совет имал големо влијание во филозофијата на Шопенхауер. Во зимскиот семестар 1810/1811, Шопенхауер кај Шулце изучувал и психологија и метафизика.[2]

Шулце починал во Гетинген.

Мисли уреди

  • „Умствените растројства се појавуваат во услови на удобствија — затоа нема да ги најдете кај дивите племиња.“
  • „Еден особен вид на споредба се нарекува остроумност … Она што произлегува од неа се идеи за скриените, но сепак површни сличности во нештата.“
  • Вистината е кривa линија, а филозофијата е бројот на тангентите што ѝ се доближуваат до бесконечност без да ја допрат, — асимптотите.“
  • „Утврдувањето дали едно расудување е аналитичко или синтетичко зависи и од тоа што сè опфаќа нашето поимување за „субјект“. Така, она што за некого е аналитичко, за друг ќе биде синтетичко.“
  • „Кој ја осознал природата сама по себе?“

Наводи уреди

  1. Encyclopedia of Philosophy, том 7, New York: Macmillan, 1972
  2. Schopenhauer, Manuscript Remains, Vol. 2, Berg, 1988, ISBN 0-85496-539-4