Голема стрнарка
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Семејство: Стрнарки
Род: Emberiza
Brehm, 1831
Вид: Голема стрнарка
Научен назив
Emberiza calandra
(Linnaeus, 1758)
Синоними

Miliaria calandra

Големата стрнарка (науч. Emberiza calandra) е врапчевидна птица овесарка од семејството на стрнарките Emberizidae, група, која современите авторитети ја издвоија од семејството на зебите Fringillidae. Обично е сместена во родот Emberiza, но некои таксономисти ја сместуваат во монотипичнот род Miliaria.[2] Се размножува низ јужна и централна Европа, северна Африка и во Азија до Казахстан. Ја има и во Македонија. Претежно е постојан жител преку целата година, но птиците од постудените краишта на Средна Европа и Азија се селат понајуг зиме.

Опис уреди

Големата стрнарка е необична по тоа што половите се исти во изгледот, освен што мажјаците се околу 20% поголеми, што не е одлика на стрнарките каде е изразен половиот диморфизам. Долги се 16-19 см. Мажјаците немаат карактеристични обоени глави. Двата пола наликуваат на чучурлиги, со избразденошарени сивокафеави горни делови, и белкави долни делови, исто така, со линии.

Пеењето на мажјакот е повторлив метален звук, сличен на ѕвечкање на клучеви, обично качен на некоја грмушка или телефонски жици.

Поведение уреди

Живеалиштето на големата стрнарка е отворената земја со дрвја, обработливото земјиште и напуштените ниви. Нејзиниот број многу се намалува во северозападна Европа поради интензивните земјоделски практики и одземање на неговата потреба од снабдување со храна од плевелот, семиња и нсекти, вториве особено значајни при исхраната на младенчињата. Оваа птица неодамна изумре во Ирска, каде претходно била вообичаена.

Размножување уреди

 
Emberiza calandra

Во сезоната на парење мажјакот ја брани својата територија и може да биде полигиничен, со над три женки. Кај нивната популација, половиот сооднос е генерално 1:1, што значи дека некои мажјаци остануваат без женки во текот на една сезона. Мажјаците играат мала улога во родителската грижа, тие не се вклучени во градењето на гнездото или инкубацијата и само ги хранат пилињата кога тие се веќе потпораснати.

Гнездото е направено од трева, обрабено со влакна или потенки тревки, и обично е сместено на земја. Леглото во просек има 4 јајца, обично од 3 до 5, само понекогаш 6.

Статус уреди

Во Европа, бројот на големата стрнарка е 7,9-22.000.000 пара, што е еквивалентно на 23,7-66.000.000 поединци (BirdLife International 2004). Европа сочинува 50-74% од глобалниот опсег, така што, многу приближна оценка на глобалната популација е 32-132.000.000 поединци. Поради големата популација и широкиот опсег, иако бројот е во благо опаѓање, според Црвениот список на МСЗП класифициран е како вид со најмала загриженост. Во Англија, владината еколошка организација Природна Англија нуди грантови за спроведување мерки за да се зачува овој вид.[3]

Наводи уреди

  1. BirdLife International (2012). Miliaria calandra. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 7 June 2013.
  2. Allende, Luis M; Rubio I, Ruíz-del-Valle V, Guillén J, Martínez-Laso J, Ernesto L, Varela P, Zamora J, Arnaiz-Villena A. (2001). „The Old World Sparrows (Genus Passer) Phylogeography and Their Relative Abundance of Nuclear mtDNA Pseudogenes“ (PDF). Journal of Molecular Evolution. 53(2): 144–154. Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-03-21. Посетено на 2013-09-16.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  3. Natural England Environmental Stewardship Scheme webpages

Надворешни врски уреди