Ножен глушец

вид сметачки показен уред

Глувчето управувано со нозе е еден вид на компјутерско глувче кое им овозможува на корисниците да го движат показникот и да кликаат на копчињата на глувчето со нивните нозе.

Тоа главно се користи од страна на корисниците со посебни потреби или од оние со проблеми во грбот или вратот. Исто така ова глувче е промовирано како начин да се спречат некои проблеми во иднина и како средство за зголемување на продуктивноста со тоа што нема да се движи нечија рака помеѓу тастатурата и глувчето.

Видови на глувчиња управувани со нога уреди

Постојат околу десет различни видови на глувчиња управувани со нога. Не се сите од нив комерцијално достапни. Некои специјализирани компании дизајнираа нивно сопствено глувче контролирано со нога за луѓето со посебни потреби.

Главната разлика помеѓу различните видови на глувчиња управувани со нога е рамната педала која се лизга или педала која се врти. Глувчето управувано со нога кое користи лизгава педала може да биде папуча со глувче поврзано со неа, или посебна рамка во која педалата може да се движи. Исто така мал магнет или друг локациски уред може да се користи на плоча. Глувчето управувано со нога кое користи педала која се врти има една или две педали кои можат да се вртат во еден или повеќе правци. Копчињата кои се притискаат со нозете не се сметаат за глувчиња управувани со нога.

Користење уреди

Користењето на глувче кое е управувано со нозе е поспоро отколку користење на нормално глувче (она кое е управувано со раце), бидејќи многу луѓе имаат помала контрола на прецизните движења со нивните стапала и нозе отколку со нивните раце. Ако глувчето кое е управувано со нозе се користи заедно со тастатура, покажувачот може да се поместува при пишување, па така нема изгубено време за поместување на рацете помеѓу тастатурата и глувчето. Ако човекот не може да ја користи тастатурата, ќе се користи виртуелната тастатура на екранот на која ќе се пишува текст со кликнување на одреден карактер на виртуелната тастатура. Луѓето кои исто така имаат помала контрола на движењата на стапалата и нозете и кои се неспособни да го користат глувчето наменето за управување со нозе можат да користат прекинувачи за да го постават покажувачот во одреден правец.

Ако глувчето управувано со нозе се користи погрешно подолго време, може да предизвика грчење на мускулите на нозете, и може да има негативно влијание врз долниот дел од грбот.

Надворешни врски уреди