Гетингенски ракопис

(Пренасочено од Гетингенски ракописи)

Гетингенски ракопис — првото дело посветено на шаховската игра. Напишано е на латински јазик и се смета дека потекнува од 1471[а] или периодот меѓу 1500 и 1505 година, со што се најраните познати записи посветени на современиот шах. Записите се на 33 листа, со димензии 14 x 10 см, кои денес се чуваат во државната и библиотека на Долна Саксонија, односно Гетингенскиот универзитет со реден број „Филос 85“. Во времето на доминацијата на францускиот јазик, ракописот бил доработен. Потеклото на доработениот ракопис се поврзува со лоренскиот двор или Нанси. Сличностите со делото Repeticion de Amores e Arte de Axedres con CL iuegos de partido од Луис Рамирес де Луцена од околу 1497 година, води кон претпоставката дека записите се дело токму на Луцена.[1] Иако се смета дека ракописот е постар од делото на Луцена, ова сепак сè уште не е потврдено.[б]

Првата страница од ракописот

Историја уреди

Изразот dominatio во првиот ред води кон претпоставката дека Гетингенскиот ракопис се подготвени за некој принц, но сепак ова е само шпекулација. Сепак, веројатно е дека адресантот на овој ракопис бил благородник од највискоиот слој.[в] Некои поединости од ракописот наведуваат дека авторот бил од Шпанија или Португалија и дека ракописот бил препишан во Франција, но ова не е сигурно.[г] Делото останало недовршено, а исто така на насловната страница оставен е простор за грб, како што има и три празни страници, од кои две со празни диојаграми, кои не биле употребени. Записот J. B. Hautin во предниот дел од книгата, можеби се однесува на името на сопственикот на ракописот, пред да бидат во сопственост на Фридрих Бернер, кој во 1752 со посвета (наведена во предниот дел) го подарил на библиотеката во Гетингенскиот универзитет, каде што се наоѓаат и денес. Во 1999, делото беше публикувано во јубилејното спиасание „75 години шаховски сојуз на Долна Саксонија“ под насловот под „Повеќе од 500 години стариот Гетингенски ракопис, Филос 85“.[2]

Значење уреди

Готингенскиот ракопис, заедно со гореспоменатото делото Repeticion de Amores e Arte de Axedres con CL iuegos de partido од Луцена, делото Libre dels Jochs partits dels Schachs en nombre da 100 ordenat e compost од Францеск Висент (Валенсија, 1495), каталонската песна за шахот, насловена Scachs d'amor, како и некои друи книжевни творби за шахот во периодот од 1470 до 1790 г, спаѓа во групата на најстарите документи на современиот шах.

Ракописот целосно се посветени на современиот шах, при што правилата за движење на пешаците, ловците и дамата се идентични како денешните, но сепак рокадата не е според денешните правила, туку се зиведувала во два до три потези, со т.н. „кралски скок“. Шаховските правила не се објаснети, што води кон претпоставката дека во тоа време, на местото од коешто потекнува ракописот, правилата биле добро познати или дека ракописот е дело на шахист, кој добро ги познавал овие правила.

Содржина уреди

Ракописот содржи 12 шаховски отворања, кои делумно и денес се доста популарни, како и 30 шаховски композиции. Исто така, претставени се и неколку стапици при отворањето. Описот на потзите е претставен на прилично комплициран начин, кој и денес се употребва, но во тоа време не бил познат. Во продолжение е наведен извадок од првата страница на ракописот, преведен од страна на Х. Шомекер:

„Прво правило
Вашето Височество го игра кралскиот пешак на четири полиња, сметајќи од полето на кралот. И ако противникот го одигра истото, играјте со коњот на три полиња, сметајќи од полето на ловецот до кралот. И ако тој го заштити пешакот со пешакот пред ловецот до кралот, земето го пешакот со коњот. И ако тој земе со пешакот, објавете му шах со дамата на четири полиња косо од полето. И ако тој покрие со пешакот пред коњот, земето го неговиот кралски пешак и објавете му шах, напаѓајќи го топот. И ако тој не покрие и игра на второто поле од полето....“.[2]

Шаховски отворања уреди

Вниманието коешто е обрнато во ракописот имало големо влијание врз значајноста на проучувањето на раната фаза од партијата, причинета од промените на правилата за движење на фигурите во современиот шах. Старата игра била со тенденција да се развива бавно, а до победа најчесто се доаѓало, кога од таблата ќе бидат отстранети сите протвинички фигурни. Современата игра се развива многу побрзо, што се должи и на новата способмост на пешаците, во својот прв потег да играат за две полиња напред, како и зголемените сила на дамата и ловците. Матот станал почест епилог во завршницата на партијата и се јавила потребата од проучување на отворањарта за да се развијат рани напади и одбрани против нив. Идните шаховски записи продолжиле да го нагласуваат проучувањето на отворањето[3][4].

Дванаесетте отворања во ракописот опфаќаат 4 напади, во кои принцот до кој веројатно ракописот се адресирани е играчот кој игра прв, и осум одбрани, при кои тој игра втор. Тие вклучуваат по едно отворање, кога прв потег во партијата е 1.c4 (Англиско отворање) или 1.f4 (Бердово отворање), два примери кога прв потег е 1.d4 (Отворања со дамски пешак), вклучувајќи го и Дамскиот гамбит и осум примери со потегот 1.e4 (Отворања со кралски пешак). Секое отворање со кралски пешак во ракописот е отворена партија, бидејќи во сите отворања, црниот по 1.e4 одговара со 1...e5. Претставен е пример со оворањето со ловец (2.Lc4), а останатите седум примери се отворања со кралски коњ (2.Sf3), при што авторот посочува дека најдобра одбрана за црниот е да одигра 2...Sc6[5]. Иако не се наведени примери со настанатите позиции, некои примери продолжуваат и во средишницата. Осмиот пример е наведен до 33. потег. Редоследот на отворањата, како што се распоредени во книгата е следниот:

  1. Дамјанова одбрана (1.e4 e5 2.Sf3 f6);
  2. Филидорова одбрана (1.e4 e5 2.Sf3 d6) - пример кој го фаворизира белиот;
  3. Италијанска партија (1.e4 e5 2.Sf3 Sc6 3.Lc4 Lc5);
  4. Руска партија (1.e4 e5 2.Sf3 Sf6);
  5. Отворање со ловец (1.e4 e5 2.Lc4 c6);
  6. Шпанска партија, Класична одбрана (1.e4 e5 2.Sf3 Sc6 3.Lb5 Lc5);
  7. Понцијаниево отворање (1.e4 e5 2.Nf3 Nc6 3.c3);
  8. Филидорова одбрана - пример ко го фаворизира црниот;
  9. Примен дамски гамбит (1.d4 d5 2.c4 dxc4);
  10. 1.d4 d5 2.Lf4 Lf5 (форма на Лондонскиот систем);
  11. Бердово отворање (1.f4);
  12. Англиско отворање (1.c4).

Стапици во отворањето уреди

abcdefgh
8
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
8
77
66
55
44
33
22
11
abcdefgh
Позицијата по потегот 5.а4+

Во ракописот дадени се и неколку стапици во отворањето, кои често се случуваат и на кои треба да се внимава. Еден карактеристичен пример е претставен на дијаграмот десно, а позицијата настанува со потезите:

1.е4 е5
2.Sf3 d6
3.c3 Sf6
4.h3 Sxe4
5.Da4+ и белиот освојува фигура.

Шаховски композиции уреди

Сите 30 композиции може да се најдат и во делото на Луцена и сите освен еден (композиција бр. 24) во део од Дамјано. Многу од овие композиции содржат посебни услови, како на пример кои фигури не може да играат или барања според кои треба да матира пешак или треба да се матира со две последователни објавувања на шах со пешак.[6] Неколку примери од композициите во ракописот се дадени на дијаграмите со соодветни решенија.

Композиција бр. 5
abcdefgh
8
 
 
 
 
 
 
 
 
8
77
66
55
44
33
22
11
abcdefgh
Белиот е на потег. Мат во 2 потега!
Композиција бр. 18
abcdefgh
8
 
 
 
 
 
 
 
 
8
77
66
55
44
33
22
11
abcdefgh
Белиот е на потег. Мат со два пешака во точно 6 потези!
Композиција бр. 20
abcdefgh
8
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
8
77
66
55
44
33
22
11
abcdefgh
Белиот е на потег. Мат со пешак во точно 6 потези!
Композиција бр. 24
abcdefgh
8
 
 
 
 
 
 
 
 
8
77
66
55
44
33
22
11
abcdefgh
Белиот е на потег. Мат со пешак во точно 7 потези!

Белешки уреди

  • а Фриц Клеменс Гершен во делото Шаховско ехо од 1975 запишал дека португалскиот крал Алфонсу V го поседувал ракописот во периодот од 1474 до 1475 г. и дека истите се напишани во 1471.[7] Сепак, Ричард Илс ова го смета за шпекулација.[8]
  • б Харолд Џејмс Рутвен Мареј забележал дека ракописот изгледа понапреден од делото на Луцена со кое се споредува, бидејќи во него е разработен современиот шах, без да се обрне внимание на старите правила. Делото Arte de Axedres ги опишува разликите меѓу старите правила и новите правила, вклучувајќи шаховски композиции за чија анализа е неопходно познавање на старите правила, со што претставува дело на преминот во современиот шах. Во подоцнежен ракопис од XVI век се повторуваат отворањата од Гетингенскиот ракопис во незначително подобрен облик и се поврзуваат со Луцена. Ако ова е точно, тоа води до фактот дека Гетингенскиот ракопис се понапредно дело на Луцена.[9]
  • в Текстот во првиот дел започнува:

Вашето височество го игра кралскиот пешак на четири полиња, сметајќи од полето на кралот. И ако противникот го одигра истото, играјте со коњот на три полиња, сметајќи од полето на ловецот до кралот. И ако тој го заштити пешакот со пешакот пред ловецот до кралот, земето го пешакот со коњот....“.[2]

Вториот дел започнува:

„Да претпоставиме, величествен господару дека тој не го заштитува негвиот кралски пешак со пешакот пред неговиот ловец до кралот, туку со оној пред дамата...“.[10]

  • г Франц Клеменс герпен открил дека стилот и синтаксата на латинскиот текст се карактеристични за автор кој зборува шпански или португалски.[8] Претпоставките кои наведуваат дека ракописот бил препишан во Франција или дека авторот бил Французин, ги вклучуваат и фактите дека на почетокот од ракописот, ловецот е наречен stultus, наместо едноставното alphinus и дека знаците за опишување на потезите користени на шаховските дијаграми се R за крал (roy), D за дама (dame), Fo за ловец (fol), Ch за коњ (chevalier), Ro за топ (roc) и P за пешак (Pion). Во ракописот се користи облик на кралски скок, која ѝ претходи на денешната рокада и се поврзува со францускиот и шпанскиот шах.[11]

Наводи уреди

  1. „Lucena - A mystery after 500 years“. Архивирано од изворникот на 2009-07-02. Посетено на 2010-01-12.
  2. 2,0 2,1 2,2 Die Göttinger Handschrift (15. Jh.)
  3. Richard Eales, Chess, The History of a Game, B.T. Batsford, 1985, стр. 78 ISBN 0-7134-4607-2
  4. Harold James Ruthven Murray, Историја на шахот, Oxford University Press, стр. 782–783 ISBN 0-19-827403-3
  5. Harold James Ruthven Murray, Историја на шахот, Oxford University Press, стр. 784, ISBN 0-19-827403-3
  6. Harold James Ruthven Murray, Историја на шахот, Oxford University Press, стр. 794-796 ISBN 0-19-827403-3
  7. David Vincent Hooper, Kenneth Whyld, „Гетингенски ракопис“, Оксфордски шаховски придружник (II издание), Оксфордски универзитет, 1996, стр. 156 ISBN 0-19-280049-3
  8. 8,0 8,1 Richard Eales, Chess, The History of a Game, B.T. Batsford, 1985, стр. 74 ISBN 0-7134-4607-2
  9. Harold James Ruthven Murray, Историја на шахот, Oxford University Press, стр. 782–784 ISBN 0-19-827403-3
  10. Richard Eales, Chess, The History of a Game, B.T. Batsford, 1985, стр. 73-74 ISBN 0-7134-4607-2
  11. Harold James Ruthven Murray, „Историја на шахот“, Oxford University Press, стр. 782–783 ISBN 0-19-827403-3

Користена литература уреди

Дополнителна литература уреди