Герт Стегманс

друмски велосипедист

Герт Стегманс (холандски: Gert Steegmans; р. 30 септември 1980 во Хаселт) — поранешен белгиски професионален друмски велосипедист, кој професионално настапувал во периодот 2003-2015.

Герт Стегманс
Стегманс на Четири дена Динкерк 2008
Лични податоци
Цело имеГерт Стегманс
ПрекарСтегелс
Роден30 септември 1980(1980-09-30)(43 г.)
Хаселт, Белгија
Висина1,80 м
Маса82 кг
Податоци за клубот
Мом. клубпензиониран
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспринтер
Аматерски клубови
2000
2001
2002
Мапеи-Латекско
Домо Фарм Фритес (стажант)
Домо-Латекско
Професионални клубови
2003–2006
2007–2008
2009
2010
2011–2014
2015
Лото-Домо
Квик Степ-Инерџетик
Катјуша
Тим РадиоШек
Квик Степ
Трек Фактори Рејсинг
Значајни победи
Тур де Франс, 2 етапи
Париз-Ница, 2 етапи

Кариера уреди

Иако Стегманс веќе бил познат во Белгија, стекнал поголема популарност надвор од Белгија како помошник на Роби Мекјуан на две етапи во текот на Тур де Франс 2006.

На втората етапа на Тур де Франс 2007, возач на Ликвигас паднал во последните три километри предизвикувајќи верижен пад. Околу 20 возачи го блокирале целиот пат, оставајќи само триесетина возачи да спринтаат за победа, која на крајот на остварил Стегманс во неговата родна земја пред неговиот сонародник и колега Том Бонен, која ја преземал зелената маичка, завршувајќи втор на етапата.

На 6 јули 2008 било објавено дека Стегманс потпишал двегодишен договор со Тинкоф Кредит Системс.[1] На Тур де Франс ја освоил престижната етапа на Шанзелизе. Подоцна, екипата Тинкоф се распаднала под тое име и управата и возачите се приклучиле на Катјуша.

Стегманс ги полнел весниците со недели пред Тур де Франс 2009 поради одбивањето да го потпише договор за анти-допинг, кој Тим Катјуша го наметнала на сите возачи. Договорот предвидувал дека доколку возачот биде фатен на позитивен тест за допинг ќе треба да плати казна во висина од пет пати од неговата годишна плата. Стегманс опстојувал во неговото одбивање, дури и по дадениот ултиматум од екипата, поради што не бил избран во составот на Катјуша за Тур де Франс.[2] Катјуша и Стегманс го раскинале договорот на 5 август откако Стегманс продолжувал да одбива да го потпише договорот за анти-допинг.[3] Тим РадиоШек објавиле дека ќе биде нивен член во 2010[4] почнувајќи од Тур Даун Андер на крајот на јануари.[5]

На 7 март 2010 година во текот на хронометарот на Париз-Ница, се повредил за време на вртушка, при што ја скршил клучната коска.[6]

Во декември 2014 година, Стегманс бил најавен како член на Лидл-Трек за сезоната 2015.[7]

Личен живот уреди

Стегманс е оженет со поранешната манекенка и презентерка на Тур де Франс, Лаура Летурги,[8] и имаат едно дете, ќерката Мелја (р. 6 јуни 2011).

Достигнувања уреди

1996
1.   Национални друмски првенства под 17 години
1998
1.   Национални хронометарски првенства под 19 години
2000
4. ГП Вилереви
7. Хаселт-Спа-Хаселт
2002
1.   Национални хронометарски првенства под 23 години
1. Зесбергенпрејс Харелбеке
8. Хаселт-Спа-Хаселт
2003
8. Трка околу Аеродромот Келн/Бон
2004
5. ГП Јеф Шеренс
2005
1. Национале Слуитингспрејс
1. Етапа 1 Тур де Пикарди
6. Краен пласман Сиркут Франко-Белж
2006
1. Етапа 2 Тур де Пикарди
1. Етапа 3 Четири дена Динкерк
2. Краен пласман Волта ао Алгарве
1. Етапа 3
1. Етапа 4
3. Шелдепрејс
5. Краен пласман Трка околу Белгија
1. Етапа 5
6. Доха ГП
6. Омлоп Хет Волк
6. Курне-Брисел-Курне
2007
1. Краен пласман Сиркут Франко-Белж
1. Етапа 2
1. Етапа 4
1. Тур де Рејке
1. Етапа 2 Тур де Франс
1. Етапа 1 Волта ао Алгарве
1. Етапа 3 Три дена Де Пане
1. Етапа 4 Четири дена Динкерк
1. Етапа 1 (ТТТ) Трка околу Катар
3. Шелдепрејс
5. Курне-Брисел-Курне
2008
Париз-Ница
1. Етапа 1
1. Етапа 2
1. Етапа 21 Тур де Франс
1. Етапа 2 Четири дена Динкерк
1. Меморијал Рик ван Стенберген
1. Трофео Калвија
1. Профронде ван Фрисланд
1. Хале-Ингоигем
2. Париз-Брисел
3. Трофео Кала Милор
4. Трофео Мајорка
2009
1. Етапа 2 Вуелта а Андалусија
1. Трофео Мајорка
2010
3. Париз-Тур
4. Бинше-Турне-Бинше
8. Фландриско првенство
9. Краен пласман Сиркут Франко-Белж
2011
1. Нокере Курсе
10. Краен пласман Трка околу Катар
2012
4. Краен пласман Трка околу Катар
2014
3. Краен пласман Три дена Де Пане
4. Нокере Курсе

Наводи уреди

  1. „AFP: Gert Steegmans to ditch Quick.Step for Tinkoff“. Архивирано од изворникот на 2016-11-24. Посетено на 2014-03-12.
  2. Стоукс, Шејн (22 јуни 2009). „Стегманс нема да го потпише анти-допинг договорот на Катјуша“. Cycling News. Посетено на 22 јуни 2009.
  3. Cycling News (5 август 2009). „Стегманс и Катјуша го раскинаа договорот“. Cycling News. Посетено на 6 август 2009.
  4. „RadioShack Cycling announcements continue“. Архивирано од изворникот на 2009-09-01. Посетено на 27 септември 2009.
  5. Грегор Браун (14 ноември 2009). „Armstrong in Bruyneel's early Tour Down Under team selection“. Cycling News. Посетено на 14 ноември 2009.
  6. „Белгиски возач во несреќа на вртушка“. BBC News. 7 март 2010. Посетено на 3 мај 2010.
  7. Кларк, Стјуарт (1 декември 2014). „Трек Фактори Рејсинг го заокружи составот за 2015 со потписот на Герт Стегманс“. Cycling Weekly. Посетено на 13 декември 2014.
  8. „Beauté du Tour: Laura Leturgie“. Le Blog de l'Ardoisier. 31 октомври 2009. Посетено на 2 јули 2012.

Надворешни врски уреди