Гери Алан Синис (англиски: Gary Alan Sinise) е американски глумец и режисер.

Гери Синис
Роден(а)Гери Алан Синис
СопружникМоајра Харис, 3 деца
НаградиСатурн награда за најдобра споредна улога
1994 Форест Гамп
Мреж. местоhttp://www.garysinise.com/

Животопис уреди

Роден е на 17 март 1955 година во државата Илиноис како второ дете на славниот филмски монтажер Роберт Синис. Неговото семејство се сели во местото Хајленд Парк каде Гери завршува средно училиште.

Благодарение на неговата професорка Барбара Патерсон, ќе се запознае со тајните на глумата, а од класата на Барбара ќе произлезат и денес големите ѕвезди, Том Хенкс, Стив Гутенберг, Том Селек, Том Круз и Патрик Свејзи.

Глумата го привлекла Гери и набрзо се приклучил на театарската дружина на Чикаго, надевајќи се дека преку театарот, полесно ќе стигне и до тогаш фамозната сцена на Бродвеј.

Но судбината го одвела на телевизијата, а Бродвеј му се случил истовремено кога започнал да ги добива првите филмски улоги. Некои од нив морал да ги одбие, не сакајќи да го пропушти златниот момент на сцената на Бродвеј, каде истовремено режирал и глумел во претстави и мјузикли.

Неговите први телевизиски филмови не бележат поголем успех, но за Гери тоа значи пробив на филмското платно и први номинации за награди. На Канскиот фестивал во 1988. година беше номиниран за „Златна палма“ за филмот „Милји од дома“, а повторно се најде меѓу номинираните и четири години подоцна за улогата во „За луѓето и глувците“.

Во 1994 година, го остварува сонот да игра во блокбастер. Со улогата на фрустрираниот поручник Ден во „Форест Гамп“, си обезбеди уште една улога во филмскиот хит „Аполо 13“, а потоа маестрално го долови ликот на претседателот Хари Труман во филмот „Труман“.

За улогата во „Форест Гамп“ ја доби номинација за Оскар за споредна улога и Златен глобус. Последната награда ја освои за улогата во „Труман“, а повторно е номиниран за улогата во филмот „Џорџ Валас“.

За разлика од неговиот холивудски колеги, приватниот живот на Гери не е исполнет со скандалозни разводи и врски. Од 1981-ва година е во среќен брак со Моајра Харис со која има три ќерки: Софи, Мекена и Ела.

Нивната врска започнала во средното училиште, но се прекинала кога Гери заминал во Чикаго, за клучната улога во нивната повторна средба да ја одигра Џон Малкович, другарот на Мојра од факултет, кој мислејќи дека ќе успее да му намести девојка на срамежливиот Гери, ја повикал Мојра на слеп состанок со неговиот колега, без да знае за нивната романтична историја.

Џон им бил и кум на свадбата и на нивната ќерка Софи.

Од 2004 година, Гери станува „шеф“ на тимот на форензичари од Њујорк, а за улогата голема помош имал и од Дејвид Карузо и Вилијам Питерсен, неговите филмски колеги од тимовите на Мајами и Лас Вегас.

Надворешни врски уреди