Георги Димитров (18 јуни 1882 - 2 јули 1949) — бугарски политичар со македонско потекло,[1] раководител на Бугарската комунистичка партија и на Комунистичката интернационала, како и премиер на Народна Република Бугарија од 1946 до својата смрт.

Георги Димитров
Генерален секретар на Централниот комитет на Бугарската комунистичка партија
На должноста
27 декември 1948 – 2 јули 1949
Наследник В’лко Червенков
32. Премиер на Бугарија
2. Претседател на министерскиот совет на Бугарија
На должноста
23 ноевмри 1946 – 2 јули 1949
Претходник Кимон Георгиев
Наследник Васил Коларов
Чело на Меѓународното одделение на Комунистичката партија на СССР
На должноста
27 декември 1943 – 29 декември 1945
Претходник Воспоставена позиција
Наследник Михаил Суслов
Генерален секретар на Извршниот комитет на Коминтерната
На должноста
1935–1943
Претходник Вјачеслав Молотов
Наследник Прекината позиција
Лични податоци
Роден(а) Георги Димитров Михајлов
18 јуни 1882(1882-06-18)
Ковачевци, Кнежевство Бугарија
Починал(а) 2 јули 1949(1949-07-02) (возр. 67)
Барвишки санаториум, РСФСР, СССР
Партија Бугарска комунистичка партија
Сопружник Љубица Ивошевиќ (1906–1933)
Роза Јулиевна (до 1949)
Професија типограф, револуционер, политичар

Животопис уреди

 
Димитров во 1911 година

Рана политичка кариера уреди

Димитров станува член на Бугарската работничка социјалдемократска партија во 1902 година, а следната година, кога настанува расцеп во партијата на тесни и широки социјалисти, Димитров се приклучува кон крилото на тесните социјалисти. Во 1909 станува член на ЦК на БСДРП и секретар на Сојузот на револуционерни синдикати на Бугарија.

 
Јосиф Сталин и Георги Димитров во 1936 година.

По Октомвриската револуција бугарските тесни социјалисти се приклучуваат кон Коминтерната, а на нејзиниот Трет конгрес зема учество и Димитров. По неуспешното Септемвриско востание во 1923 година во Бугарија, Димитров е осуден на смрт и е принуден да пребегне во СССР. Таму зема учество во апаратот на Коминтерната, но од 1929 до 1933 година тој е немилост кај Сталин и советското раководство поради несогласувањето со политиката на Коминтерната кон социјалдемократијата и фашизмот по 1928 година.

Лајпцишки процес уреди

Димитров се стекнува со светска слава кога при Лајпцишкиот процес организиран од германските нацисти со цел да се обвинат комунистите за палањето на Рајхстагот во 1933, многу успешно се одбрани и успева да биде ослободен од обвинението. Имајќи го предвид неговиот стекнат имиџ при овој процес, Сталин во 1934 го поставува на чело на Коминтерната. Димитров ја врши функцијата генерален секретар на Коминтерната сè до нејзиното распуштање во 1943.

Премиер на Бугарија уреди

По доаѓањето на власт на Отечествениот фронт во Бугарија во септември 1944 година, Димитров останува во СССР, а во Бугарија се враќа откако таа е прогласена за народна република, по референдумот од 15 септември 1946 година. Набрзо, во ноември 1946 година Димитров бил избран за премиер на Бугарија.

Во декември 1946 во Бугарија бил извршен првиот повоен попис на населението. Првпат во историјата на Македонците во Бугарија им било дозволено слободно да ја изразат својата национална определба.[2] Бугарската историографија се обидува да изгради негативен лик на Димитров како божемен предавник на бугарската национална идеја.[3][4][5] Македонската историографија Димитров го цени како прв челник на Бугарија што ја признал македонската националност.[6] Во негова чест, неговото име го носи една скопска гимназија.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Виктор Цветаноски, „Македонците крем на бугарското општество“ (4), „Георги Димитров комунист со светски маштап“, „Утрински весник“, број 2860, петок, 12 декември 2008.
  2. Документи за пописот на населението во Пиринска Македонија 1946 година[мртва врска]
  3. Българско историческо дружество - „Исторически преглед“, София, 1990, Институт за история към Българската академия на науките, стр. 55/56
  4. Добрин Мирчев - „Македонския въпрос в българо-югославските отношения“, София, 1994, Университетско издателсвто „Св. Климент Охридски“, стр. 277
  5. Веселин Ангелов - „Премълчани истини: Лица, събития и факти от българската история (1941-1989)“, София, 2005, ИК „Анико“, стр. 9
  6. Георги Димитров, Македонски крем на бугарското општество

Надворешни врски уреди