Географија на Швајцарија

Швајцарија е земја која се наоѓа во Средна Европа.

Географски координати :

Граници уреди

Вкупната површина на земјата изнесува 41,285 км2 , и според тоа се наоѓа на 135 место по големина во светот. Земјата граничи со со Германија на север, Франција на запад, Италија на југ, и Австрија и Лихтенштајн на исток.

Градот Цирих е најголемиот во државата со околу 1 000 000 жители.

Население уреди

Според пописот, вкупното население на Швајцарија е околу 7,399,100 жители. Густината на населеноста е 179/km2 жители на квадратен километар.

Клима уреди

Швајцарија е земја која нема излез на море. Климата е умерено-континентална, на планините планинска, претежно алпска. Околу 30% од нејзината територија е покриеа со планини. Во умерените реони околу Алпи, температурите се многу ниски поради висините. На поголемите висини на планините, снегот останува преку целото лето. На падините се создаваат микроклиматски услови, а по долините дуваат ветрови. Летата во Швајцарија се топли и влажни со повремени дождови, а наспроти тоа зимите се студени со големи врнежи од снег.