Географија на Сан Марино

Сан Марино е држава на Апенинскиот Полуостров.

Карта на Сан Марино

Граници уреди

Вкупната површина на земјата изнесува 61,2 км2 , и според тоа се наоѓа на 220 место по големина во светот. Таа е земја што не излегува на море и е енклава во Италија, односно заобиколена е од Италија.

Најголемиот град во Сан Марино е Догана (во состав на општината.

Население уреди

Вкупното население на Сан Марино брои околу 29.973 жители. Густината на населеноста изнесува 489 жит/км2.

Клима уреди

Сан Марино има површина од 60,57 квадратни километри. Оддалеченоста помеѓу најсеверната и најјужната граница на Сан Марино изнесува 12 километри. Највисок врв е Титано,[1] чија височина изнесува 739 метри. Климата е влажна суптропска, но е поблага од онаа во приморјето поради надморската височина.[2] Во лето температурата варира од 20°С до 30°С, а во зима од -2°С до 10°С.[3]. Просечните врнежи изнесуваат 550 мм годишно.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Титано во живо“. Архивирано од изворникот на 2008-04-05. Посетено на 2009-07-23.
  2. „Climate-Data.org > Europe > San Marino Climate“ (англиски). Посетено на 2020-09-10. Занемарен непознатиот параметар |web= (help)
  3. „Метеоролошко-климатолошки центар на Сан Марино“. Архивирано од изворникот на 2008-09-29. Посетено на 2009-07-23.