Географија на Кипар

Географски координати :35°00′N 33°00′E / 35.000° СГШ; 33.000° ИГД / 35.000; 33.000Координати: 35°00′N 33°00′E / 35.000° СГШ; 33.000° ИГД / 35.000; 33.000

Местоположба уреди

Кипар е островска држава во Средоземното Море. Островот е поделен на два дела: северен, турски дел (Северен Кипар) и јужен, грчки дел (Јужен Кипар).

Граници уреди

Вкупната површина на земјата изнесува 9.251 км, и според тоа се наоѓа на 167 место по големина во светот.

Главниот град Никозија (Левкозија) е најголемиот во државата со околу 206 220 жители.

Население уреди

Според пописот, вкупното население во Кипар е околу 788.457 жители. Густината на населеноста е 85/km2 жители на квадратен километар.

Клима уреди

Климата во Кипар е средоземна. Кипар е најтоплиот остров на Средоземјето, со околу 340 сончеви денови во годината. Но треба да се нагласи дека климатските услови не се насекаде исти. Така, во внатрешноста и на некои повисоки места, средоземната клима е изменета. Главниот фактор за таа промена е планината Тродос и Беспармак. Во врска со температурите, на целиот остров владе топли лета, со просечна температура од 30 °C. Во зимата, температурата се движи од 10 и 20 °C, а во внатрешноста на островот може да се намали и до 0 °C. Во Никозија најниската температура која била забележана некогаш била -5 °C.