Гвадалкивир

река во Шпанија
36°47′N 6°21′W / 36.783° СГШ; 6.350° ЗГД / 36.783; -6.350

Гвадалкивир (шпански: Guadalquivir) — петта река по должина на Пиринејскиот Полуостров и втора по должина во рамките на Шпанија. Долга е 657 км, а сливното подрачје зафаќа 58.000 км². Извира во Кањада де лас Фуентес (кај селото Кесада) во планинскиот венец Казорла (Хаен), па тече низ Кордоба и Севиља, а завршува кај рибарското село Бонанза во Санлукар де Барамеда, каде се влева во Кадискиот Залив (Атлантски Океан). Во овој најдолен дел од течението пределите се низински, со значајни мочуришта и се граничи со националниот парк „Доњана“.

Гвадалкивир
Guadalquivir
Река
Гвадалкивир во Севиља
Потекло на името: од арапскиот поим
ел-вади ел-кабир = „Голема Долина“
Земја Шпанија
Регион Андалусија
Градови Кордоба, Севиља
Извор Кањада де лас Фуентес
 - место пл. Казорла, Кесада, Хаен
Утока Атлантски Океан
 - местоположба Санлукар де Барамеда, Кадис
 - височина м
 - координати 36°47′N 6°21′W / 36.783° СГШ; 6.350° ЗГД / 36.783; -6.350
Должина 657 км
Слив 56.978 км2
Истек во Севиља
 - просечен 164,3 м3
Течението на Гвадалкивир
Течението на Гвадалкивир
Течението на Гвадалкивир
Портал: Хидрографски сојуз на Гвадалкивир

Ова е единствената голема пловна река во Шпанија. Денес со брод се стигнува до Севиља, а во римско време се одело сè до Кордоба.

Според историските записи, на устието на Гвадалкивир се наоѓал древниот град Тартес, иако самото место на наоѓање досега не е утврдено.

Потекло на поимот уреди

Името на реката доаѓа од арапскиот поим „ел-вади ел-кабир“ (الوادي الكبير), што значи „Голема Долина“. Феникијците реката ја нарекувале „Бајц“, што подоцна преминало во „Бетис“, што останало сè до маварско време. По неа е наречена и римската провинција Хиспанија Бетика. Уште постаро келтиберско име на реката е „Оба“ (Златна).

Притоки уреди

Гвадалкивир има поголем број на притоки:

Леви притоки се: Мала Гвадијана, Гвадалбулјон, Гвадахос, Хенил, Корбонес и Гвадајхара.

Десни притоки се: Гвадалимар, Хандула, Јегвас, Гвадалмелјато, Гвадијато, Бембезар, Вијар, Уелва, Гвадијамар

Занимливости уреди

„Гвадалкивир“ се нарекувал францускиот брод што го разурнале Гемиџиите во солунското пристаниште на 28 април 1903 г.[1]

Галерија уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

Надворешни врски уреди