Гарц (германски: Gartz) — град во округот Укермарк, во сојузната покраина Бранденбург, Германија. Се наоѓа на западниот брег на реката Одра, околу 20 километри јужно од Шчеќин (Штетин).

Гарц
Административна зграда во Гарц
Административна зграда во Гарц
Административна зграда во Гарц
Грб на Гарц
Гарц во рамките на Германија
Гарц
Управа
Земја Германија
Покраина Бранденбург
Округ Укермарк
Месна заед. Гарц
Градоначалник Буркхард Флајшман (СДП)
Основни податоци
Површина 61,69 км2
Надм. височина 6 м
Население 2.524 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 41 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. UM
Пошт. бр. 16307
Повик. бр. 03332
Портал www.gartz.de
Местоположба на градот Гарц во рамките на округот Укермарк
Карта
Карта
Координати 53°12′0″N 14°23′0″E / 53.20000° СГШ; 14.38333° ИГД / 53.20000; 14.38333

Преглед уреди

Постоењето на градот било првпат документирано во 1124. Во 1249, Гарц добил градски права од војводата Барним Први од Померанија. Поради неговата стратешка местоположба на реката, градот бил честопати подложен на уништувања во текот на борбите.

Откако линијата Одра-Ниса станала германско-полска граница во 1945, Гарц станал пограничен град.

Преку реката се наоѓа индустриската област на полскиот град Грифино (Грајфенхаген). Гарц се наоѓа на територијата на националниот парк Долна долина на Одра.

Наводи уреди

  1. „Население на Бранденбург по општини и општински заедници] на 31 декември 2020 г.“. Статистичка служба за Берлин и Бранденбург. јуни 2021. (германски)

Надворешни врски уреди