Гаел Бигиримана (роден на 22 Октомври, 1993 година) е фудбалер од Бурунди. Тој е играч од средниот ред кој игра за Њукасл Јунајтед.

Гаел Бигиримана
Gaël Bigirimana
Лични податоци
Роден на 22 октомври 1993(1993-10-22)(30 г.)
Роден во Буџумбура, Бурунди
Висина &100000000000001750000001,75 м
Позиција среден ред
Младинска кариера
Ковентри Сити
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2011–2012 Ковентри Сити 155 (8)
2012– Њукасл Јунајтед 163 (1)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 21 септември 2011
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 6 септември 2011

Кариера уреди

Роден во Буџумбура, тој се преселил како бегалец од Бурунди со неговата мајка во 2004 година во Обединетото Кралство. Некое време поминал и живеејќи во Уганда. Тој е опишан како Есиен-тип на играч во средината на теренот, поради квалитетот на одземање на топката од противникот и силниот удар од далечина. тој дошол на проби во академијата на Ковентри Сити на возраст од 12 години и останал да тренира таму до својата 17 година кога потпишува професионален договор со клубот во летото 2011 година. Своето деби во првиот тим го има на 8 август 2011 играјќи ги сите 90 минути во поразот на гостувањето кај Лестер Сити. Тој одигра 26 натпревари за тимот истата сезона и иако најмлад од сите други играчи во клубот беше еден од клучните фудбалери на Ковентри кој накрајот од сезоната, сепак, испадна од Чемпионшип. На 6 јули 2012 Скај Спорт објавува дека Бигиримана потпишал за Њукасл Јунајтед за сума која се верува дека е помеѓу £500,000 и £1,000,000.

Своето деби во Премиер лигата Бигиримана го направи на 2 септември 2012 појавувајќи се како резерва во домашниот меч против Астон Вила и заменувајќи го повредениот Дани Симпсон.

Надворешни врски уреди