Габро е длабинска магматска карпа од групата на габровите и базалтите. Има зрнеста структура, а текстурата е најчесто масивна. Изграден е од следните минерали: базични плагиокласи, моноклински пироксени и оливин, а како акцесорни минерали се појавуваат илменит, апатит и магнетит.

Габро

Многу е честа појавата на секундарни минерали во габровите, како што се: сосирит, уралит, сфен, епидот, калцит и хлорид.

Габрото обично се појавува во поголеми магматски тела, има темнозелена до црна боја. На подрачјето на РМ габрови се појавуваат во рамките на офиолитската секвенца на океанската кора во комплексот Демир КапијаГевгелија.[1]

Наводи уреди

  1. Македонска Енциклопедија. Скопје, Македонија: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 326. ISBN 978-608-203-023-4.