Втор ерусалимски храм

Вториот ерусалимски храм се нарекува реконструкцијата на Храмот на Соломон кој бил разрушен од страна на вавилонскиот цар Навуходонозор II во 586 година п.н.е.. Вториот храм бил изграден во текот на 515 година п.н.е., по враќањето на евреите од Вавилон и бил повторно разрушен од страна на римскиот цар Тит во 70 година. Во текот на овој период храмот бил најзначајно место на јудаизмот каде се удржувале сите нивни ритуали. Во 19 година Ирод Велики го дал почетокот за изградба на храмот и од овде Вториот храм исто така се нарекува и Храмот на Ирод.

Разрушување на храмот

Изградба на храмот уреди

Веднш по враќањето на евреите од Вавилон, под раководството на назначениот за раководител на Јудеја Зоровавел, се започнува со градбата на храмот. Божјиот храм бил изграден точно на местото каде се наоѓал претходниот храм. Во 535 година п.н.е. темелите на храмот биле завршени. А целосно, храмот се завршил со градбата во 515 година п.н.е.

Разлики со Првиот храм уреди

Вториот храм не било можно да биде изграден со истиот раскош како претходниот – Храмот на Соломон. Освен тоа, некои од елементите кои се наоѓале во претходниот храм биле или уништени или засекогаш изгубени, како на пример: Ковчегот на заветот (Кивот), Урим и Тумим, плочите со Десетте Божји заповеди итн. Храмот, како и скоро целиот Ерусалим биле разрушени од страна на римскиот цар Тит во 70 година.

Надворешни врски уреди