Вишиевска Франција

Вишиевска Франција се нарекувала марионетската држава, јужниот дел од денешна и историска Франција, којашто постоела во времето на окупацијата од Нацистичка Германија во текот на Втората светска војна, во периодот од јули 1940 - август 1944. За разлика од претходното име „Француска Република“ оваа држава го носела името „Француска Држава“. Маршалот Филип Петен ја прогласил владата по воениот пораз од Нацистичка Германија и по гласањето на Националното собрание на Франција на 10 јули 1940. Ова гласање му дало и вонредни права на Петен.

Француска Држава
État Français
Марионетска држава на Нацистичка Германија

1940 – 1944
Знаме Грб на Франција
Гесло
"Travail, famille, patrie"
француски: Работа, семејство, татковина
Местоположба на Вишиевска Франција
Неокупираната зона на Вишиевска Франција (ноември 1942)
Главен град Виши
Јазици Француски
Вероисповед Римокатоличка
Државно уредување Марионетска држава на Нацистичка Германија
Претседател
 -  1940 — 1944 Филип Петен
Премиер
 -  1940 — 1942 Филип Петен
 -  1942 — 1944 Пјер Лавал
Законодавство Национално собрание
Историски период Втора светска војна
 -  Избор на Петен 10 јули 1940
 -  Замрела 25 август 1944
Валута Франк

Вишиевска Франција формално имала власт и врз северниот дел на Франција кој бил под германска воена управа, и врз јужниот неокупиран дел (тнр. „слободна зона“) кајшто била сместена и државната управа, во градот Виши.

Легитимитетот на оваа марионетска држава и на Петен и премиерот Пјер Лавал бил оспоруван од генералот Шарл де Гол, кој по воениот пораз од Германија прогласил „армија на слободна Франција“ и „влада во егзил“ кои биле засновани во Англија и учествувале во Втората светска војна на страната на сојузниците.

По инвазијата на сојузниците во Нормандија, владата на Вишиевска Франција била прогласена за предавничка, а нејзините водачи Петен и Лавал биле осудени на смрт. Како херој од Првата светска војна, Петен бил подоцна помилуван од де Гол, а Лавал бил погубен.